Македонија

Тело-Наука Совршена

Иронично, групата која го издаде првиот албум на македонски јазик, по распаѓањето на тогашниот југословенски музички простор не можеше да се пронајде себеси во новата сцена која се создаваше тогаш во Македонија, во која баш и немаше место за вакви бендови. Така Тело-Наука Совршена престана да свири некаде во втората половина на 1992 година…

 
Тело-Наука Совршена e македонска група оформена во раните осумдесетти години на минатиот  век во Струга.
Името групата го добила по истоимената збирка на поезија (Тело-Наука Совршена) од Методиј Златанов (сегашен владика на МПЦ).

Во тоа време во тогашната држава СФРЈ се појавува нов бран во популарната рок музика под влијание на punk и postpunk музиката од западните земји.

Тело-Наука Совршена на Facebook
Тело-Наука Совршена на MySpace
Струга e меѓу првите градови во тогашна СФРЈ каде што се појавува пaнк движење, од кое излегле неколку музички групи, како Dirty Boys и Дебелата Берта од кои покасно се формира Тело-Наука Совршена.
Тоа се години на зачеток на некаков си нов национален романтизам во Македонија и трагање по сопствените корени.
Така доаѓа до синтеза на postpunk музиката и Византиската православна музика.
Тело-Наука Совршена е меѓу првите групи која ја свири таа музика, заедно со Падот на Византија и Мизар. Името групата го добила по истоимената збирка на поезија (Тело-Наука Совршена) од Методиј Златанов (сегашен владика на МПЦ).
Првиот состав:
Сашо Кленкоски(гитара и придружен вокал),
Звонко Наумоски(вокал и клавијатури),
Роберт Калајџиески(бас гитара) и
Наум Наумоски(тапани).
Во оваа постава групата настапува на ЈУРМ (Југословенски рок момент) во Загреб и има настапи во Градишка, Бања Лука, Ниш, Скопје и други градови. Дел од нив заедно со групата Мизар.

Тогаш излегува и првиот и единствен албум на Тело-Наука Совршена – Кадис, кој е првиот албум на македонски јазик, а е во издание на независната дискографска куќа СКЦ-ДОМ од Ниш. Групата во овој состав постои до средината на 87-ма година кога членовите заминуваат во армија.
Есента се оформува втората постава на во состав:
Сашо Кленкоски(вокал и гитара),
Роберт Калјџиески(бас гитара),
Елени Новаковска (клавијатури) и
Антонио Гоџоски(тапани).
Создадени се нови песни со кои групата настапува на ЈУРМ 89 и е финалист и победник на истиот фестивал заедно со групите “Обојени Програм” од Нови Сад и “Месершмит” од Пула. Таа година Тело-Наука Совршена е учесник и на фестивалот во Суботица каде што е финалист и настапува заедно со групите Архангел и Клержо. На 25мај има настап и на градскиот стадион во Скопје каде што настапува скоро цела тогашна југословенска сцена. На почетокот групата требаше да сними нов албум и да има турнеја низ Хрватска и Словенија. Но војната која започна го спречи тоа. Последниот настап во овој состав ТНС го имаше на 24 април 1992 год. во МКЦ во Скопје, каде што имаше самостоен настап. Групата имаше уште еден настап во живо, во состав првата и втората постава заедно, во Скопје 1999 во мај месец по повод прослава на МКЦ.
Иронично, групата која го издаде првиот албум на македонски јазик,по распаѓањето на тогашниот југословенски музички простор не можеше да се пронајде себеси во новата сцена која се создаваше тогаш во Македонија, во која баш и немаше место за бендови како Тело-Наука Совршена. Така бендот престана да свири некаде во втората половина на 1992 година…
 
 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *