Македонија

Падот на Византија

Падот на Византија е македонска група оформена во 1983 година.

Падот на Византија почнува со пост и експериментален punk, но набрзо го оформува својот darkwave звук, инспириран од бендови како Joy Division и Bauhaus, со елементи на македонска етно музика и црковнословенски пеења.
Иако бендот се распаѓа во 1985 година, тие остануваат запаметени на просторите на цела Југославија.

И пак истата состојба

и повторно сакаш да побегнеш

од минатото што доаѓа

и Сонцето што заоѓа

 

 
Од октомври 1983 до септември 1984 година во групата членуваат:

  • Горан Трајкоски – бас гитара и вокал
  • Климе Ковачевски – гитара
  • Шпенд Ибрахим – тапани

Од октомври 1984 до јуни 1985 године групата настапува во состав:

  • Горан Трајкоски – вокал
  • Сами Ибрахим – бас гитара
  • Шпенд Ибрахим – тапани
  • Зоран Дабиќ – гитара


Во текот на двете години на постоење групата нема објавено сопствен материјал на официјален носач на звук, но некои од нивните песни можат да се најдат на компилациите “Македонски Документ” и “Ноќ над Југославија”.
 
 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *