Macedonia vs. Poland, in Krakow, 17 January 2016.
Интервјуа

Кирил Лазаров: „Со 40 години сум додадена вредност во клубот и репрезентацијата“

Во текот на мојата кариера настапував во големи клубови со огромна ракометна традиција и резултати. Во секој клуб се задржував минимум четири години, каде што го достигнував максимумот. По некое непишано правило ги менував клубовите и државите по престој од четири и пол години, во повеќето случаи најмногу на мое инсистирање бидејќи по одредено време се јавува заситување од средината, а со тоа и индивидуално заситување при што веќе не си во можност да го даваш својот максимум. Така дојде до ситуација кога сакав да се обидам во една од најсилните лиги во светот – Франција, а наедно и да играм во државата чија национална селекција доминара во последната деценија. За мене тоа беше предизвик и огромно искуство што би го користел во иднина во моите спортски проекти.

Бев фан на кошаркарот Тони Кукоч кој носеше број 7. Пред да почнам со ракомет играв кошарка. Кога почнав со ракометот, еден од моите тренери, покрај татко ми, исто така, носеше број 7 како играч и беше левучар. Како дете мислев дека ако си левучар треба да носиш број 7 по примерите на Кукоч и тренерот Ике Јанев од Свети Николе. Така се одлучив и се заљубив во овој број и до денес сите ме поистоветуваат со седумката...

Прочитајте го целото интервју на Кирил Лазаров на страницата на МАРИЛИ (клик)

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.