Отпадните води во Свети Николе – 2003 година

Канализационен систем – самиот систем е само за зафаќање на отпадните фекални комунални води кои што се зафаќаат единствено од самата урбана средина или поточно исклучиво од самите домаќинства. Системот е предвиден како единствен само за градот и во него не се зафатени отпадните води од индустријата.

Advertisements

Фекалниот канализационен систем на град Свети Николе може да се каже дека се двои на три дела:

– канализационен систем за зафаќање на домаќински отпадни води,

– канализационен систем за зафаќање на води од индустрискиот дел и

– делумни зафаќања на атмосферски води од градската средина.

Системот се состои од повеќе улични колектори кои што се поделени во четири зони од каде излегуваат 4 главни колектора. Сите овие главни колектори се поврзуваат во еден собирен градски колектор каде отпадните води ги транспортира до прочистителната станица која што се наоѓа помеѓу индустријата и градската средина.

Профилите на уличните канализациони мрежи се движи од Ф100 до Ф400 од каде согласно бројот на жителите на градот како и неговото проширување согласно ГУП може да се види дека овие профили не можат да ги задоволат основните потреби на самата градска средина.

Проблемот на канализациониот систем во град Свети Николе е поради постоење на мали профили и во моменти на дождови истите се заситуваат и поголем дел од количините од цевоводите се изливаат на самите улични површини со што вршат загадување на самата урбана средина.

2003 година

извор:

Scan