Свети Николе

Брегалничка епархија – Светиниколски парохии

Во составот на овие парохии влегуваат градот Свети Николе и селата: Бориловци, Мустафино, Ѓуѓанци, Орел, Стануловци, Мечкуевци, Богословец, Немањици, Ранченци, Кнежје, Ѓузумелци, Амзабегово, Сопот, Трстеник, Крушица, Преод, Малино, Горобинци, Алакинци, Џидимирци, Пеширово, Црнилиште, Ерџелија, Сарамзалино, Кадрифаково и манастирот “Света Богородица” во Ѓуриште…

Поради редовните немили случувања во Црквата СВЕТИ НИКОЛАЈ во Свети Николе и повеќе други цркви низ Овчеполието – чести кражби кои во последните години се случуваат и повеќе пати месечно, упатуваме апел за будност на посетителите и поголема одговорност од надлежните институции. Црквите, од кои повеќето се градени во средината на 19 век (пред повеќе од 150 години) врз темели на уште постари цркви се наше непроценливо културно наследство кое треба и мора да биде заштитено.

Црква “Свети Николај” – Свети Николе (стара црква). Изградена е 1847 година, од кој период се и иконите. Автор е Ѓорѓи Зографски и непознати автори. Податоци од кој архиереј е осветена нема.

Црква “Свети Никола” – Свети Николе (нова). Новата црква е надградба на старата. Темелите се осветени на 25. 10. 1983 година од Негово Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј. Осветена е на 14. 10. 1990 година од Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Иконите на иконостасот и фрескоживописот во олтарскиот дел се дело на зографот Драган Ристевски од Охрид.

Гробјанска црква “Свети Архиѓакон Стефан”. Изградена е 1910 година. Иконите во најголем дел се од Ѓорѓи Зографски и непознат автор од 1929 година. Од кој архиереј е осветена нема податоци. Во 2006 година црквата е реновирана и е дограден нартекс.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Немњици. Изградена е во 1848 година, од кој период се и иконите од зограф Атанасие од Крушево. Податоци од кого е осветена нема.

Црква “Свети великомаченик Ѓорѓи” – Ранченци. Изградена е во 19 век, од кој период се и иконите од непознат автор. Со податоци од кој архиереј е осветена не располагаме.

Манастир “Света Недела” – Ранченци. Изграден околу 1930 година. Иконите се од 20 век (1927) од Зографски и непознати автори. Со други податоци не располагаме.

Црква “Свети Никола” – Кнежје. Изградена е во 19 век, од кој период се и иконите, од непознат автор. Со податоци од кого е осветена не располагаме.

Црква “Свети Ѓорѓи” – Ѓозлемелци, 1584, зографисана и реставрирана. За иконите и фрескоживописот немаме податоци. Црквата е ктиторство на локален великодостојник Кир Пројча.

Манастир “Св. Пророк Илија” Старо Село – Немањици. Нема податоци кога е изграден. Срушен е во време на турското владеење, а денес постои само олтарската апсида.

Црква “Св. Ѓорѓи” – Амзабегово. Изградена е 1982 година и истата година е осветена од Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички г. Горазд.

Црква “Вознесение Христово” (во изградба) – Горобинци. Камен темелникот е поставен на 27. 11. 1997 година од Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Иконите и фрескоживописот во олтарскиот дел и куполата се дело на зографот Драган Ристевски од Охрид и оваа јубилејна година треба да биде осветена.

Црква “Свети Никола” – Сопот, 1878 година. Иконите и фрескоживописот во куполата се од 19 век и се дело на непознати автори (мајстори од кратовска тајфа) и Петре.

Црква “Вознесение Христово” – Крушица, 15 или 16 век. Црквата е фрескоживописана. Иконите се од 19 век, а од кого е светена и од кого се иконите и фрескоживописот нема податоци.

Црква “Свети вмч. Димитриј” – Преод. Кога е изградена и од кого е осветена нема податоци. Иконописот и иконите се изработени 1871, од Хаџи Коста во најголем дел и непознати мајстори, најверојатно од мајстори од кратовска тајфа.

Црква “Вознесение Христово” – Малино. Се претпоставува дека е изградена во време на турското владеење, а од кого е осветена нема податоци, иконите се од 19 век од непознат иконописец.

Манастир “Света Богородица” – Ѓуриште. На местото од сегашната манастирска црква, постоела друга, која од страна на Турците, во 16 век била срушена. Сегашната манастирска црква, во помали димензии и без купола е возобновена 1920-1930 година. Иконите на иконостасот се од 19 век, а не е познато од кој зограф се. Со други податоци не располагаме.

Црква “Воздвижение на Светиот Крст Господов” – Кадрифаково (во изградба). Камен темелникот е поставен на 27. 09. 2002 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Црква “Свети Прохор Пчински” – Пеширово. Камен темелникот е поставен на 18. 11. 2001 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Црква “Свети апостоли Петар и Павле” – Ерџелија. Камен темелникот е поставен на 11. 11. 2006 година од Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Сарамзалино. Камен темелникот е поставен на 14. 01. 2007 година од Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Црква “Свети Никола” – Бориловци. Една од најстарите сочувани цркви во овчеполието. Потекнува од 9 век, а фрескоживописот е од 14 век. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

Црква “Свети Никола” – Д. Ѓуѓанци. Црквата е изградена во 19 век на стари темели од 16 или 17 век. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век, се претпоставува дека се дело на Коста зограф и други непознати мајстори.

Црква “Свети Ѓорѓи” – Орел. Изградена е во 19 век, а кога и од кој е осветена не е познато. Се претпоставува дека иконите се дело на кратовски зограф. Нема фрескоживопис.

Црква “Свети Димитриј” – Стануловци. Се претпоставува дека е изградена во 15 век, иконите се од 19 век од Х. Коста и непознат автор. Црквата во 2003 година е опожарена и од вредностите ништо не е останато.

Црква “Вознесение Христово” – Строиманци. Црквата е во руинирана состојба и не е познато од кој период е и кога и од кој архиереј е осветена.

Црква “Свети Николај” – Мечкуевци. Изградена е 1846 година. Иконите се од 19 век, а се претпоставува дека се од непозната кратовска тајфа. Не е познато од кој архиереј и кога е осветена.

Манастир “Света Петка” – Мечкуевци. Сегашната црква е изградена во 1925 година до темели на оддалеченост до 10 метри од стара црква, изградена 1570 година, која била срушена за време на турското владеење. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

Црква “Свети Јован Богослов” – Богословец. Изградена е во 1825 година од непознати мајстори, од кој период се и иконите, во најголем дел од Андон од Папрадиште, Ангелко од Папрадиште, Хаџи Коста, Јован Прилепчанин и непознати. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

Брегалничка Епархија / Светиниколски парохии

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.