Превземено

Ерата на Водолијата е ера на индиго-децата

Расата на нови луѓе полека, но сигурно доаѓа на сцената. За да ги препознаеме индиго-децата и да ги иницираме нивните скриени неверојатни психички и физички можности неопходен е сосема нов образовeн систем.

Многу се зборува за почетокот на Новиот свет, за прогнозите на Маите, за ерата на Водолијата, која се поклопува со клучните датуми за пресврт од мајанскиот календар, а на научниците но и алтернативците, како никогаш претходно, им се отстапува големо место во медиумите низ светот, дискутирајќи на ваквите теми.
Годинава, на сцената застанаа и аналитичарите на децата наречени индиго, кои се разликуваат од другите деца по своите физички и духовни способности. Последниве,се погласно тврдат дека Новата ера, која доаѓа со крајот на годинава и почетокот на следната, ќе биде означена со Голем премин низ кои први, како водачи, ќе поминат индиго децата.

И вашето дете, можеби, е индиго

Истражувачите велат дека дури 95 отсто од децата кои се родени после 1994., спаѓаат меѓу индиго децата. Фасцинантната придавка доаѓа од бојата на аурата околу нивните тела. Нивниот имунолошки систем е посилен од оној кај просечната личност, но имаат и поинаква ДНК, односно вид на мутација на ДНК. Се разбира, тие не можат да прават чуда и да гледаат низ ѕидови, но доколку се насочат кон специфичен вид на образование и личен духовен развој, лесно би се трансформирале во оној вид на индиго деца кои се родени понапредни, кои отворено зборуваат за некои астрални работи, додека нивните родители сметаат дека децата им имаат пребујна фантазија. На пример, тие можат да се присетат како се зачнати, како ги одбрале своите родители, или можат да ве советуваат, преку едноставни библиски вистини, дека не треба да се грижите за парите зашто секогаш ќе имате толку колку што ви е потребно ако само престанете да мислите на парите. Индиго децата можат да се препознаат меѓу себе, да ја видат вашата аура, да ви го “прочитаат” здравјето, да комуницираат телепатски. Некогаш изгледаат како бесни и хиперактивни или пак се тивки и мирни. Но едно е сигурно, нивните психолошки карактеристики и начин на однесување се нови и невообичаени.

Затоа треба да се развиваат и да се применуваат сосема нови методи на образование. Не можеме да ги игнорираме потребите на новата генерација зашто инаку, овие скапоцени мали суштества ќе патат од ментална нестабилност и нарушено размислување. Треба да се има на ум дека тие се пионери на новата ера и затоа треба да ги поддржуваме и да учиме од нив.
Првото индиго дете е откриено во Кина, во 1984, и од почеток, таа приказна за неа личела на измислица од жолтиот печат. Детето наречено супер дете од Кина без проблем поминало низ сите ментални тестови на кои бил изложено, дури одговарало на некои прашања и пред да бидат прочитани од психолозите. Новинарите на угледното духовно списание Омни, тогаш одлучуваат да ја проверат таа измислица, но наместо да ја демантираат, откриваат дузина слични случаи на посебно надарени деца.
Теоријата на Џонсон
Се смета дека индиго феноменот е започнат со почетокот на 1990те години. Но, американскиот научник Лори Џонсон, преку својата теорија која е широко прифатена од нејзините колеги, тврди нешто друго. Таа зборува за пет генерации на индиго деца, и како низ тие пет генерации можеби би можеле да ги препознаеме. Првата, алфа генерација, се родени меѓу 1958 и 1968. година. Процесот на ментално созревање за оваа генерација почнува во 28. или 29. година на животот, должината на тој процес е седум години, а тоа е период со многу проблеми и болести, но доцните 30. години се период на оздравување и психички процвет.
Втората генерација, или бета, родена е меѓу 1968 и 1978., карактеристични се по младиот изглед, а првата индиго зрелост ја доживуваат во 40.те години од животот.
Третата, гама генерација, родени меѓу 1978 до 1988, најчесто е дијагностицирана како деца со нарушено однесување или голема хиперактивност. Нивниот психички развој се случува после 29та година од животот.
Четвртата генерација се делта, родени меѓу 1988 и 1998, имаат исклучително тежок пубертет и понекогаш се склони кон алкохол, дроги и суицидно однесување.
Петтата или омега генерација, родени од 1998 па натаму, имаат проблеми со приспособување со околината, екстремно се сензибилни и често повлечени од надворешниот свет дури и аутистични.
Речиси сите проучувачи на феноменот индиго деца, се согласуваат дека многу од големите напредни умови низ историјата, не биле поинакви од најновите примери на индиго деца кои стануваат се поприсутни.
извор: Мкд.мк

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *