Превземено

Mоќта и мистичноста на огледалото


Во многу древни култури и традиции кога некој од членовите на семејството или пак некој сакан умира под некои неочекувани околности (да биде убиен, или загинат во сообракајна несреќа, да умре од душевна болка и сл) се сметало дека е неопходно да се покријат сите огледала во куката. Ваквиот чин се правел бидејки се верувало дека духот на личноста која што починала се наога внатре во огледалото и бара тело во кое што ке може да се всели за да доврши некоја мисија на земјата пред да продолжи понатаму. Ова е само едно од многуте суеверија поврзани со огледалата.
Огледалото е интересна работа. Ни покажува како изгледаме но не и како се замислуваме дека изгледаме и не ни ја покажува сликата на тоа што навистина сакаме да бидеме туку сликата на тоа што навистина сме. Гледањето во огледало може да биде необјасниво искуство за некои лица – особено кога ќе се фати некој неочекуван одраз или некоја чудна светлина и  движење како некои бранови на самото огледало…посебно во античките времиња кога гледањето во огледало и поседувањето на такво не била баш секојдневна и обична работа. Така многу приказни и суеверија имаат изникнато вклучувајки огледала кои можеле да бидат од обични до магични..едни  да служат за многу скапи цели а други за превентива од различни влијанија..трети за едноставна намена…

Кршењето на огледало некаде се смета за лоша среќа..и не само лоша среќа туку се верува дека оној кој ке скрши огледало ќе го следи несреќа точно седум години. Меѓутоа ова суеверие за огледалото се мисли дека е произлезено од далечното минато каде што да се поседува големо огледало изработено со преубави орнаменти чинело многу, и не секој можел да поседува огледало така што најчесто дамите во куќата за да го заштитат овој ценет предмет  од кршење ,  измислувале приказни со кои што ги заплашувале своите деца за тие да стојат што  подалеку од одгледалото. Како што е сугерирано погоре постојат два добри извора за потеклото на мистеријата поврзана со огледалото. Првиот е поврзан со магични моќи ..вршење на разни ритуали најчесто необјасниви за човечката природа, во кој што најчесто огледалата се опишани дека поседуваат моќ поголема од се што е природно , одраз на вистината и како портал од  еден кон друг свет во исто време. ..користени од вештерки..луѓе кои се занимавале со различни видови на маги и ритуали ,моќници кои верувале дека со помош на магија ке постигнат одредени цели…доктори, дами, свештеници …истерувачи на демони духови..и слично..

Другиот извор укажува дека целата оваа работа е само тактика за застрашување. Огледалата не биле евтини особено не оние со висок квалитет, огледалата без дефекти кои денес секако не значат ништо посебно и може да ги има секој човек , во тоа време биле нешто многу вреднувано ценето и скапо, и  атрибутот седум години лоша среќа бил добар механизам и корисна работа за да се спречи нивно уништување.
Можеби младите луѓе биле импресионирани од идејата што нивните родители се грижат доволно за да им помогнат да избегнат лоша среќа или само имале импресија дека ако го скршат огледалото ке се најдат во свет во кој ке бидат повредени или пак само исплашени од помислата  дека нивните родители ке ги фатат. Но што вели митот доколку го скршите огледалото????
Велат дека доколку тоа се случи оној кој што го скршил огледалото за да ја избегне клетвата за лоша среќа, треба да ги собере сите парченца од огледалото и да  ги закопа на некое место на месечева светлина односно во времето кога светлината од месечината најмногу допира до него. Последна но и една од најбитните мистерии поврзани со огледалото е и таа дека огледалата се тесно поврзани со вампирите- суштествата на ноќта. Според многу приказни овие магично привлечни меѓутоа крволочни суштества не можат да фрлат одраз во огледало, токму поради фактот дека тие не поседуваат душа која што се раѓа ..живее и преминува на другата страна..Тие се бесмртни суштества…Ова е уште едно тврдење дека преку огледалото може да се комуницира со душата на одредена личност…
извор: Mystodonia
Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *