избор

Змејските песни во македонскиот фолклор

Ги опеваат змејовите како митолошки суштества, нивните карактеристики и односи со луѓето. Во народното верување змејот е машко дете што го родила жена која го носела подолго од обично. Се верува дека секој синор си имал свој змеј што го чувал од разни штети, а посевите од разни елементарни непогоди во времето на зреењето. Затоа тој е симбол на плодноста.

Се верува дека постојано место на живеење на змејовите им се високите планини, каде што живеат во пештери и слични места. Во народните песни тие се опеани како големи љубовници, поради што девојките доброволно стапуваат во љубовни односи со нив.

Тие имаат моќ за метаморфоза, па во разни форми (како облак, китка, подгрленце и сл.) се доближуваат до девојките, потоа грмнуваат, ги грабнуваат и ги носат во планините или во пештерите, со нив водат љубов, им се раѓаат деца и со нив живеат.

Биоскопија – ЗМЕЈКО

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *