изборПревземено

Заштита од електромагнетни зрачења

Откако човекот сознал за штетноста од електромагнетното зрачење размислувал како да се заштити.
Знаејќи ја опасноста од зрачењата човекот почнал умешно да ги избегнува, откривајќи ги на разни начини и со разни методи. Како урбаните населби станувале сé поголеми, а просторот за изградба се помал, тој почнал да размислува за заштита на просторот кој бил изложен со зрачење, а сепак неопходен за користење.
Во почетокот како заштита користел природни и едноставни материјали, како на пример: кожи со крзно од овци и јагниња, дебел слој од ‘ржена слама и слично.
Откако со развојот увидел дека таа заштита е тешко применлива и недоволна, почнал да практикува превентивна заштита со помош на разни методи на детекции.
Во минатиот век за заштита од геопатогени извори на зрачења, покрај другото, најчесто се користеле дебели пластични хидроизолациски фолии, оловни лимови, спирали и друго.
Но, материјалите што се употребувале за заштита покажале извесни недостатоци, како на пример: доведување до пренасочување на зрачењата надвор од просторијата или објектот кон околните простории или објекти, коешто се укажува како нехумано. Поради тоа тешко се решававме за примена на таков тип заштита. На пазарот имаше направи, кои полесно се користеа, но заштитуваа само од геопатогените зрачења или имаа рефлектирачко странично дејство на околу 50 cm до 2 m, поради што ја загрозуваа безбедната околина.
Заштита со неутрализатори-трансформери Био-СПХ
Заштитата од електромагнетно зрачење претставува високо професионална дејност која бара сериозен, а пред се научнотехнички пристап. Во светот постои едно познато техничко решение, кое покрај облагородувачкото дејство во просторот, има и неутрализирачко дејство. Имено по пат на трансформација (интерференција на бранови) го намалува интензитетот на електричната компонента на зрачењата и ја оневозможува деполаризирачката моќ врз клетката. Новото решение познато за јавноста е неутрализаторот-трансформер Био-СПХ. Овој апарат овозможува комплетна заштита за живиот свет од геопатогени, космички и дел од техничките извори на зрачења. Био-СПХ е техничко решение и е многу едноставно за користење. Неговата функција е испитувана повеќе од 20 години. Тој е атестиран и патентиран апарат, чија функција е мерлива во технички лаборатории, а истиот е и клинички атестиран (види сертификати). За Био-СПХ има бројни научни студии публикувани и на меѓународни научни конгреси (прилог публикации).
 
Заштита со помош на поларизирани мрежи и спирали
Во процесот на заштитата од електромагнетни зрачења, од научен аспект потврдени се: заштита со помош на рефлексија, заштита со помош на интерференција на бранови, како што е со неутрализаторите трансформери Био-СПХ и директна заштита со помош на извесни фолии, а посебно со помош на поларизирани мрежи и спирали за кои станува збор.
Заштитата со поларизирани мрежи и спирали претставува солидна заштита од електромагнетно зрачење, но само доколку изворот на зрачењето е од надворешната страна од просторот. Тоа може да се смета како космички, геопатогени и технички извори на зрачења, сите кои доаѓаат од надвор. Доколку изворот на зрачење е од внатре, како што е случајот со користење на мобилните телефони или друга техничка опрема која се користи во самиот простор, во тој случај како заштита треба да се примени и Био-СПХ.
Поларизираните мрежи во комбинација со спирали претставуваат мошне добра заштита, стручно употребени во текот на градбата или подоцна. Во текот на градбата има можност да се монтираат над бетонската плоча или над кошулицата пред да се постави паркет или плочки. Под кошулицата има предност од причина што мрежите би биле позаштитени во случај на промена на паркет или плочки. Исто така овој вид на заштита може да се употреби странично на ѕид или на горниот дел од просторијата.
Заштитата над плочата може да послужи во заштита од геопатогени или технички извори на зрачења. Заштитата на ѕид може да послужи доколку од надворешната страна има далновод, трафостаница, предавател или сличен извор на зрачење. Заштитата на плафон или над горната плоча од станот/објектот овозможува добра заштита од  предаватели, далноводи, космички извори на зрачење и др.
Поставувањето на оваа заштита се препорачува да се врши под надзор на стручно лице по геопатологија, а истото е лесно применливо на лице место.
Системот од поларизирани мрежи и спирали, за елктромагнетна заштита, претставува техничко решение кое функционира врз основа на точно одредените димензии на мрежите и спиралите, кои се поставуваат според поларитетот одреден од страна на стручното лице, а во зависност од состојбата. Вака монтираниот систем, под дејство на постојаното геомагнетно поле има можност да создава т.н. електромагнетен екран, кој претставува блокада на одреден дел од спектарот на фрекфенции, при што ја заштитува животната околина од истите.
Овој систем може да изврши заштита на луѓето и техниката од можни сончеви електромагнетни бури, доколку до тоа би дошло.
Припрема на поларизираните заштитни мрежи
Пред да се употребат мрежите потребна е нивна соодветна припрема (поларизирање). Тоа се врши со помош на поларизатор MF 360 mG. во комбинација со магнетомер Wuntronic (сл. 4). На овој начин дозирањето е строго контролирано со тоа што и самата заштита ќе биде поефикасна. Пред поставување на вака припремените мрежи се вградуваат и спиралите со индуктивниот елемент.  Методиката и техничката примена се патент на Институт ГАПЕ и д-р Стојан Велкоски, под чија директна контрола се одвива целиот процес.
Несакани резултати
Од примената на овој систем нема никаскви нус појави, од причина што елементите се вградуваат во долната и/или горната страна од просторот и не се напојуваат со дополнителна електрична енергија.
Има само еден пример кај кој се појавија извесни, не за секого, несакани појави, а тоа е следниов пример:
Веднаш по заштита со мрежи и спирали во еден индивидуален стан на ул. Партизански одреди во Скопје, се забележа намалена мобилна мрежа на мобилниот апарат. За оваа појава сопствениците на станот беа благовремено предупредени, кој факт тие позитивно го прифатија. Намалувањето не се случи тотално, туку за извесен процент отчитувајќи по мобилниот апарат. Оваа појава се случи поради тоа што во станот се поставуваше заштита и на подот и на горната страна (плафонот). Во други случаи, каде што се монтирани заштитни системи на поголемо растојание, на пример, на првиот спрат на долната основа (подот), а на вториот спрат или на третиот на горната основа (плафонот) не се забележа таква појава.
Во секој случај, навремената стручно превземена заштитна мерка, претставува најисплатлива инвестиција за семејството или вработените.
Манипулации со заштитни сретства за електромагнетни зрачења
Во секоја професија и наука како и во оваа се појавуваа разни заштитни сретства од електромагнетни зрачења. Лицата, кои пред се, од неинформираност, неразмислување во моментот, душевна болка поради болест или смрт на најблиските и слично, купуваат на доверба се што ќе им се понуди. Во една ТВ емисија д-р Стојан Велкоски во 2006 година се изјасни пред гледачите дека се што се продава на пазарот под мотото заштита од електромагнетно зрачење, од моментот на изговарање на зборот електромагнетно зрачење веднаш се навлегува во научнотехничката област. Во овој случај секој таков продукт треба да биде атестиран научно-технички, а не само емпириски. Во спротивно тоа дело претставува измама, кое во правниот процес претставува кривично дело. Веднаш по таа емисија до Институтот ГАПЕ од Скопје луѓето доставија повеќе заштитни сретства за таа намена, при што експертизата ја потврди намерата на понудувачите дека станува збор за измама. Еден од тогашните продукти веќе неколку години е под кривична истрага. За таа цел публикувани се неколку научни трудови, меѓу кои и www.space.bas.bg/SENS-2007/4-16.pdf
Повеќето од манипулациите се насочени преку пирамидални форми, наполнети со метални струготини, песок или слично, прикривајќи се позади мистеријата на кеопсовата пирамида.
Решение на проблемот
За решавање на овој проблем надлежни се: експертите пред се по геопатологија, во некои технички сегменти и инженерите по физика и електро, а како државни субјекти се: МВР, Народниот обвинител и судовите, Министерство за економија – Одделение за заштита на потрошувачите и др.
Во случај на основано сомнение дека некој се чуствува измамен со заштитни сретства потребен е соодветен елаборат за намената и функцијата на техничкото средство што го купил, изготвен од геопатолог и научна институција за геобиологија. Доколку се потврди сомневањето, тогаш се информираат надлежните државни институции, кои се надлежни да го истражат случајот и преку кривичен судски процес против сторителот на делото да го заштитат граѓанинот. Исто така, правдата може да се побара и преку приватна тужба, но со стручни докази за основано сомнение за можно причинето дело измама.
На овој начин граѓаните ќе можат да бидат обештетени, а истовремено ќе се заштитат други граѓани, кои би биле потенцијално измамени.
ЗАКЛУЧОК
По осознавање на опасноста за целокупниот жив свет од електромагнетните зрачења, потребно е да се пристапи кон превентивно решавање на проблемот пред да настанат посериозни последици.
Најефикасен начин за заштита од електромагнетните зрачења е институционалното решавање. Знаејќи го овој проблем д-р Велкоски во неколку наврати има побарано измена и дополнување на законот за градење. Конечно во 2009 година преку парламентарна група стигна на парламентарна расправа и во јуни истата година во Парламентот на Република Македонија се изгласа предложената точка.  Со имплементацијата во законот ќе се допринесе за поздрава сегашна и идна популација.
Решавањето на проблемот од електромагнетно зрачење може да биде решено на два начина:
а) со детекција и избор на безбедна локација за изградба на објекти (доколку постои можност за тоа), со што се избегнуваат природните извори на зрачења. Да напоменеме дека по изградбата на објектите техничките извори на зрачење и понатаму ќе бидат присутни;
б) со заштита на просториите во постојните објекти, без промена на урбаниот план (локацијата) за објектот.
Високо професионалниот пристап кон овој проблем, што го спроведува Сончев зрак претставува основа на геобиологијата и геопатологијата на Балканот и пошироко. Република Македонија може да се гордее на меѓународен план во постигнатите резултати во оваа област.
На злоупотребата на граѓаните, пред се, од несовесни поединци или групи, веќе и се става крај и за секој таков обид, со поддршка на граѓаните, сторителот ќе биде соодветно казнет, според законите на Република Македонија.
Препорака
За своја лична безбедност и безбедноста на своите, од финансиски и здравствен аспект, граѓаните треба да внимаваат кој им го врши мерењето и заштитата.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *