Превземено

Вистината за водата

Повеќето луѓе не пијат доволно вода, а тоа предизвикува низа здравствени проблеми. Ова е тврдење кое постојано го слушаме, заедно со препораките за дневната количина на вода која треба да ја внесуваме во организмот, доколку сакаме да ја здржиме нашата добра здравствена состојба. Но тоа што водата е добра за нашето здравје е само едната или подобро кажано убавата „страна на медаљонот“


. Другата страна вели дека водата е поприлично токсична и наместо да спречува, таа предизвикува здравствени проблеми.
Имено, водата од славина содржи хемиски соединиенија како што се хлорот и флуорот. Притоа, нивото на токсичните хлор и флоур се поприлично високи, а нивната редовна конзумација предизвикува оштетување на крвните садови. Кога крвните садови се оштетени, тогаш холестеролот се „лепи“ за нив и предизвикува артериосклероза.
Поголем број на луѓе не внесуваат доволна количина на течности и дехидрираат, што предизвикува болки, укоченост, артритис, алергија, астма или низок крвен притисок. Нивните клетки не добиваат доволно течности, а тоа влијае на способноста за исфрлање на токсините надвор од клетките и целото тело. Кога пак на клетките ќе им овозможите доволно вода, водата излачува отрови, и додека со водата ги чистите токсините од клетките, таа истовремено создава нови токсини во организмот.
Флуорот, кој се наоѓа во водата меѓу другото штетно влијае на метаболизмот и предизвикува депресија. Хлорот пак е отров кој се става во водата за да ги уништи сите живи организми. А бактериите и не се толку штетни за организмот, на нив сме секојдневно изложени и со нив се зајакнува нашиот имунолошки систем. Имено, колку повеќе сме на нив изложени, толку поздрав ни е организмот.
Затоа, надобро и најкорисно за нас би било водата која ја пиеме да ги задоволува сите референци, односно да биде подложена на филтрација со систем на реверсна осмоза. На тој начин од водата се одстранува каменецот и штетниот натриум, а потоа со процес на минерализација се додаваат калциум и магнезиум. Но, бидејќи кај нас тоа не е така, единствено што можеме да направиме е да пиеме доволни количини на флаширана вода, која се надеваме дека е поздрава од онаа од славината.
Blue zone

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *