Македонија

Вера – од Розата од вода

Вера, односно в’ра, што доаѓа од во – ра, односно “во светлината”. Мислиме дека може да се толкува и вака, но очигледна е врската меѓу аура и вера, односно, за разлика од зборот аура, кој го покажува принципот на достигање на состојбата, зборот вера ја означува самата состојба. Веќе во хрватската варијанта вјера се губи смислата, односно дознаката станува произволна, освен ако вје не го толкуваме како вјечна, а ра како светлина. Но, македонската варијанта е попрактична бидејќи сугерира дека треба да се биде во светлината, а не пасивно да се набљудува.

Сепак вјера, в-јер-а, кадешто јер е пермутација на санскритскиот збор јар, што значи светлина. Сликата во огледало на јар е рај. Ова е во согласност со кодификацијата кај ведските јазици, која претходно ја објаснивме и чија цел е поимите да се примаат како меѓусебно поврзани и дека произлегуваат еден од друг. Чудно, но темните вокали во бугарскиот јазик, кои се викаат јерови, имаат сосема обратно значење. Дали некој вметнувајќи ги сакал да го затемни кодот?
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *