избор

Што е архео-акустика?

Aрхеоакустиката е ново интердисциплинарно поле на учење, со кое користејќи различни параметри за истражување на древните локалитети,­ преку модерната технологија се регистрира влијанието на овие места врз човечката емоционална свест.
Археологијата најмногу се фокусира на визуелниот изглед и физичките објекти, иако минатото не бил период на тишина. Намерата на археоакустиката е да ја истражува важноста на звукот и природните феномени во антиката и најважно -нивната улога во развојот и дизајнот  на ритуална архитектура и можниот ефект и важност на биолошката активност на човечкиот мозок.
Преку истражување беше возможно  да се демонстрира дека во античките времиња знаењето за акустика и природни феномени било добро развиено и користено во ритуали од тој период. Истражувањата на SBRG од последните четири години покажа дека древните луѓе биле способни да влијаат на нивната перцепција користејки вибрации за да достигнат различни состојби на свест, без употреба на дроги и други хемиски субстанции.Луѓето во древните времиња биле способни да ги детектираат природните феномени за да креираат слична   состојбана променета свест. Други истражувачи имаат пронајдено слични резултати во нивите истражувања, но без регуларниот протокол не би било возможно да се споредат различни локалитети со слични карактеристики. Како резултат, SBRG групата разви нови стандарди кои што можат да бидат применети на анализите на античките локалитети во Европа и другиот дел од светот. Ги нарековме SB Research Group Standard за археоакустика или SBSA на кратко.
Анализите на античките локалитети мора да бидат детални и комплексни. Многу древни локалитети се сметани за “свети’’ илјадници години, со бројни структури градени на истото место низ историјата. Така да, анализите не треба да бидат ограничени на сегашната структура, но исто така и на нејзиното опкружување. ”Светите места” се тие географски локации кои што одредена социјална група ги смета вредни за почит, типични места за идолопоклонство и/или користени за други спиритуални или религиски употреби. Како такви, тие можат да бидат осквернавени или оштетени и поради тоа се заштитени на различни начини. Во минатото се користеле термините topos за да означат физички и видливи локални карактеристики и chora кој се однесува на кваликативните карактеристики на локацијата кои што можат да ја разбудат имагинацијата  и митското присуство. SBRG има испоробано различни методи за анализа за верифицирање на нашите резултаи, по четири години археоакустични истражувања извршени на југот на Англија, Италија, Босна и Херцеговина, Србија и Малта, со што имаме создадено софицистиран и веродостоен стандард кој што може да биде користен од било кој истражувач во археологијата за тестирање на свети локации.
Минатата година во Република Македонија беа извршени првите архео-акустични мерења во регионот на Овче Поле.
извор http://www.sbresearchgroup.eu
превод: Серафим
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *