Превземено

Летна долгоденица

На 21 јуни, во 01 часот и 9 минути, на северната полутопка и во Република Македонија почна летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка четвртокот беше најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната пак, најкраткиот ден. Така, Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, зајде во 20 часот и 12 минути. Денот траеше цели 15 часа и 14 минути, а ноќта само 8 часа и 46 минути. Веќе од петок (22.06), деновите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември 2012 година. Поради закривеноста на Земјата, должината на најдолгиот ден и најкратката ноќ се различни одејќи од екваторот кон половите, а различни се дури и во нашата држава.

Географска ширина:  0°

10°

20°

30°

40°

50°

60°

66°33’

Најдолг ден 12 часа

12ч35’

13ч13’

13ч56’

14ч51’

16ч09’

18ч30’

24ч

Најкраток ден 12 часа

11ч25’

10ч47’

10ч04’

9ч09’

7ч51’

5ч30’


Така, во најјужните делови на Македонија (во правец на Битола), денот траеше 15 часа и 5 минути, а во најсеверните делови (над Крива Паланка) 15 часа и 17 минути. На екваторот, денот и ноќта беа подеднакви – по 12 часа. На северниот пол, пак, денот веќе трае непрекинато 6 месеци, а на јужниот пол со слично траење од 6 месеци е ноќта. Летото ќе заврши на 22 септември во 15 часот и 49 минути (по средноевропоско време кое е официјално и во Македонија), кога на северната полутопка ќе почне есента.
Автор: д-р Ивица Милевски, ИГЕО портал

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *