Од книгите

Средба и разговор на Гоце Делчев со генералот Данаил Николаев

Генерал Николаев – „Значи вие, младичок, сметате дека македонското население е способно да се бори, да подига револуција? Детски работи прикажувате, вие, момек! Тоа е ропско население. Вашите планови јас не можам да ги прифатам, ниту сакам да ги слушам. Каква организација Вие сметате да создадете таму? Револуционерна? Внатрешна? Македонска? Глупости! Глупости! Глупости! Има само една организација – тоа е Врховниот комитет. Јас Ви гарантирам дека кога ќе му дојде времето, ќе поведам 20-30 илјади резервни војници. Co мене се официрите. И тогаш ќе подигнеме востание во Македонија и ќе ја ослободиме. A co селани, со селани ништо сериозно не може да се направи. Тие се робје…”

Гоце Делчев – „Беа робје, господине генерале но веќе не се. – Значи Вие откажувате каква и да е работа внатре? Според Вас…”
Генерал Николаев – „He, не откажувам, при извесни услови. Внатрешната работа е неопходна за нас, за Врховниот комитет. Преку неа ние ги заплашуваме политичарите во Бугарија и дипломатите во туѓина, секогаш кога ќе стане потреба. Затоа можеме да ви дадеме помош, но при услов: ќе не слушате и надвод од Турско нема да преземате ништо. Целокупната политика ќе ни ја оставите нам. А што се однесува до вашата работа внатре, ние ќе ви кажеме кога, каде и што ќе правите. Освен тоа кога треба да се подигне востание во Македонија, ќе решиме ние. Освен тоа… ние…”
Гоце Делчев – „Тоа нема да биде, господине генерале. Вие, како што разбирам, – тоа е Врховниот комитет и уште некој… He ние, ние не сме согласни со тоа, што го мислите Вие за Македонија. Ние, знаете кој сме ние: селаните, македонското население, народот. Ние не можеме да правиме политика, ниту пак ќе дозволиме на други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога ќе се подига востание, ќе реши народот. Нема да оставиме да ни командувате од овдека, за да не внесете, како што се обидовте лани, во игpa на востание. Сега една таква авантура може да биде страшна и крвава, зашто населението, народот е повеќе возбуден и делумно вооружен. Тој може да се предаде на измамата, а тоа ќе чини реки од крв и планини од трупови. Ние нема тоа да го дозволиме. He, крвта на народот е скапа и не сакаме трупови, туку сакаме ослободување, а живиот народ сака да живее и да расте.
– Гледам дека Вие не ги познавате условите во Македонија и затоа кажете им на сите, кажете им да не се мешаат и да ја остават Внатрешната револуционерна организација да организира, да раководи, да решава. Ние сметаме дека од Вас – од комитетот и од емиграцијата можеме да добие-ме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, a уште помалку господари.”
Генерал Николаев – „Како смеете! Вие не знаете ништо за меѓународната ситуација. Јас имам писма од туѓина. Ние ќе решиме кога е моментот да се дејствува. Дали разбирате? Ние ќе го имаме врховниот збор, а ако сметате да ни пречите – а ако ни пречите, ќе ве парализираме. -”
Гоце Делчев – „Повелете – или вие нас ќе нè парализирате, или ние вас!
– Февруари 1896 г.

Related posts
Од книгите

Мајката на Александар Македонски

Од книгите

Средбата на Филип и Олимпија

Од книгитеПревземено

Говорот на Александар Македонски пред македонската фаланга

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Leave a Reply

Your email address will not be published.