ЛозаритеОд книгите

Списание „ЛОЗА” (Софија, јануари 1892 – јуни 1894)

 – месечно списание, орган на Младата Mакедонска Kнижовна Дружина, изразител на македонскиот национален сепаратизам.

Основач е охриѓанецот Климент Караѓулев, а одговорен редактор дебарчанецот Иван К. Божинов. Соработници: Георги Баласчев (Езерски), Петар Поп Арсов (Вардарски), Коста Шахов, Димитар Мирчев, Климент Караѓулев, Дамјан Груев, Иван Хаџи-Николов, Ефтим Спространов (Е. Маркулев) и др.
Излегуваат 6 броја во две одделни и различни етапи. Првите 4 броја (1892) се печатени на македонизиран бугарски јазик со фонетски („помакедончен”) правопис и со редуцирана кирилска азбука (со местимична употреба и на посебни графеми за меките консонанти к’, г’, л’, н’), а последните два броја (1894) излегуваат на тогашниот официјален бугарски литературен јазик и правопис. Веднаш по појавата на првиот број на списанието официозот „Свобода” (18 февруари 1892, 3) ја алармира бугарската јавност:
Луѓето овде имаат други цели – да создадат нов литературен македонски јазик… Следствено, прашањето се сведува кон стремежот да се воведе литературен сепаратизам што природно го влече по себе и политичкиот… во бугарската престолнина, во срцето на Бугарија излегуваат луѓе што се силат да ги расипат плодовите на толкугодишните усилби, да докажат дека Македонските Бугари се одделна нација, со посебен јазик, со посебни историски задачи!”.
Весникот „Свобода” ги открива и основните цели на Дружината: „Од статијата ,Неколку белешки’ стр. 5 се гледа дека таа се вбројува ,кон денешниот преовладувачки елемент’, дека името на тој словенски елемент е ,Македонци’, дека Македонија е нивна татковина, дека таа е одделно господарство, чиешто минато е покриено со блесок и особено во времето на Филипа и Александра Велики…”.
Скоро Дружината беше растурена од властите, членовите и сомислениците беа апсени, интернирани и прогонети. Соидејниците во историјата се познати по името на списанието како „лозари”, а движењето како „лозарско движење”. По две години, со друга редакција и со друга национална концепција, се појавија уште два броја и Дружината беше задушена. Современикот Крсте Петков Мисирков оценува дека тоа е “iиедно национално сепаратистично движеiне со цел’а да се оддел’ат интересите на македонците од бугарцките со возведуаiин’е на iиедно од македонцките наречиа на степен на литературен iазик за сите македонци. Орган на тоа сепаратистско движеiн’е во Бугариа беше журналот ,ЛОЗА’. Но тоа дуовно движеiн’е на македонците не се ареса на бугарцкото стамболовцко праител’ство, коiе забрани да се издаат ,ЛОЗА’ и зафати да гонит македонците сепаратисти”.
– МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА – МАНУ, Скопје 2009

Related posts
Од книгите

Мајката на Александар Македонски

Од книгите

Средбата на Филип и Олимпија

Од книгитеПревземено

Говорот на Александар Македонски пред македонската фаланга

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Leave a Reply

Your email address will not be published.