Македонија

Сонцето изгреа и денес

Штом сепак се врти, и целава галаксија циркулира околу една барем за нас, огнена  топка, 109 пати поголема од нашата Земја, далеку 150 милиони километри одовде и со тежина 333,000 пати поголема од истава Земја, и сè постои и живее поради енергијата од истата таа топка, само веројатно е дека Сонцето е најчистиот и најсилен извор за какво и да е човечко пре/надживување. Живееме во Сончевиот Систем, а тежината на Сонцето е 99,8% од истиот.

После многу сончеви бури и ерупции, цели енергетски бранови кои што ја допреа Земјината топка, нашите телевизии дури пред две години за прв пат пренесоа информација за експлозиите на Сонцето. Ако, за многумина игнорирањето било благослов.

Светскиот мејнстрим спокојно ја прифати целата new age револуција и теориите за светски заговор, древни и мистични учења и редови, друштва и организации; симболиката на истите не само што ни бодна в очи уште со филмови и музички пораки од минатиот век, та и денес книгите, видео спотовите и светските телевизии кои што емитуваат програма од различни научни сфери сè почесто потсеќаат дека сепак некој нè набљудува, дека некој постојано нè гледа. Секаде се објавуваат научни трудови, мултимедијални проекти и различни продукти на човечкиот ум инспирирани од трансформацијата на светот во кој што живееме, промената на нивоата на свест, суд и созерцание, почитува ње на мајката природа и умерено употребување на благодатите од истата. Низ цел свет, но не и во Македонија. Скарани со Бога и ѓаола, ко што цела ера сме, си се смееме и сами на себе за информациите со кои што располагаме. Многумина, за да го потврдат она зошто да е само лошо кога може да е полошо во оптек пуштаат информации кои што и те како немаат допирна материјална со она што навистина Е околу нас, и како реакција на вечното огледало – и во нас, принцип кој што вечно функционира. Како горе така и долу, како е внатре така и надвор – и обратно. Веројатно бидејќи сепак имаме сетила, се случува да реагираме со тон на иронија или барем со промена на изразот на ликот кога почувствуваме како некој свесно ал не, се обидува да ни наметне некакво ВИДување за целата таа енергија.
Секое човечко суштество располага со безброј таленти и благодети од природата. Без разлика дали е свесно за истите или не. Секој е надарен, штом е жив и диши, значи сепак постои како организам. Доколку ја спознаеме сопствената умешност, секако дека би можеле да се воздигнеме на повисоки нивоа, како општествени така и духовни нивоа – за лично, а пред и над сè – за општо добро. За да работи ефективно и ефикасно, како и вештачките машини, така и човековиот мозок треба да се активира. Доколку се обидуваме да пораснеме на какво и да е ниво, веројатно изворот на енергија за лично надградување треба да е поголем за секоја наредна, повисока етапа.
Wow!
Сè што гледаме се само сенки, одбивања на светлината непоимлива за обичните ни очи?
Трето око или ќори ко лилјаци?

Последниве години ко од нигде никаде се појавија нови, убави, баш луѓе! Сепак, некако наеднаш голем дел од рајата е со променети интереси. Додека се погласно проповедаат како тоа не е важна парата, се крпат меѓу себе и газат преку живи луѓе за некакви си цифри. Зборуваат за како тоа едните биле различни од другите, оти знаеле троа други работи, се прашуваат за Бога, за ѓаола, за енергии… Сал Бог знае што правеле и прават далеку од оние што божем цел живот ги знаат. Не само кај бајачки, од поодамна беа почнале да одат и кај гуруа вакви и онакви, мудри учители, да читаат книги кои што неможело секој да ги најде, итн. И едните, и другите, и третите, и n-тите! Во меѓувреме, едни плукаа по косооките монаси, други по црква, трети по џамија…Тие n-тите веројатно не ни чекаат до пладне, од старт се мразат сами себе.
До пладне се мрази себе си, а после тоа целиот свет!
Стариов муабет нема како а да не е сврзан со зенитот на Сонцето на пладне. Мi3aP крикна Blood Red Sun, God Damned Sоn. Очигледно е дека очите ни се и те како изморени под свиените веѓи што душа делат и прават меѓи. Човечките ОЧИ се портата преку која што Сонцето го допира мозокот. Огледало на душата. Очите имаат повеќе функции, не се тука само за да “мислиме дека гледаме”. Капацитетот на истите, исти ко нас – претежно од вода, е сеуште недоволно осознаен од нашата свест. Често ги затвараме, за да не нè допре прашината и гадотијата од улиците, за да не гледаме што не ни одговара, за да не нè изгори “лошото, пеколно Сонце”.

Секоја цивилизација има своја приказна за пеколниот портокал…Изворите на литература со кои што располага современиот свет упорно докажуваат дека виножитото сепак е во окото, не на небо. Како што човекот се усовршува во науката, креирајќи не само соларни панели, туку и цели апарати па и автомобили кои што работат на сончева енергија; така и реминисценцијата на древните, за нас мистични  и окултни ритуали поврзани со славењето и обожувањето на Сонцето, полека но сигурно е посилна и нè потсетува за неговата чудесна енергија и моќ.
Традиционално, луѓето преку храната добиваат енергија “од втора рака”, бидејќи самите растенија и нивната хранлива вредност се развиваат преку фотосинтезата за која што е заслужна пак истата таа огнена топка. Што би било, ако би можеле да се напојуваме не преку храната, ами директно од самото Сонце? “Модерниот” свет користи израз хелиотерапија, како тоа би звучело на современ Македонски?
Наутро, во првиот час на изгревање, и приквечер во последниот час пред заоѓање, Сонцето не лачи UV кое што е опасно за нашите очи. Во тој период, древните народи зјапале во него, дали само како ритуал или и начин за канализирање, лечење, катализирање, хранење, тоа допрва ќе стане јасно. Индијците, како и некои Индијански и Африкански племиња се жив пример за тоа како супер компјутерот е напојуван од примарниот извор со обем на енергија доволна за регенерација и усовршување на истиот, како и за катализирање на други, сродни машини.

За Нашиве древни, не знаеме. Додека старите спиеле во бившата држава, соседите со помош на оние што имаат кралства не само што истражиле на лице место, та и со пишан збор присвоиле сè што влече корен од овие простори. Па сепак, она што во минатото и во сегашноста носеше и носи само несреќи, во иднина може да има позитивна страна. Тоа гледано од вашето дуално поларизирано плато. Игнорирањето е благослов? Better или бетер? Судбината ни беше наклонета да преживееме на каков , таков начин. Ново Сонце на слободата, 1991 година. За волја на Вистината, без било каква наша помош, а наша задача е да ја сфатиме и искористиме оваа околност под Сонцето. Генерациите со некоја брчка повеќе уште гласно велат Тоа е многу убаво, но не бива да се постигне и се соочени со младина која што поради нивната поларизација има ектрасензорна перцепција и за задача само едно: она што е наложено од Вистината. Немаме поим за темната страна на Месечината, а Сонцето огреа и денес. Македонија е Вистината.
Никола Ристевски, ЛОЗА 2012

 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *