избор

Солунските атентатори

Производство: Вардар филм – Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: историски
Род: Игран филм
Времетраење: 103 минути
Тип: Филмска лента
Техника: тоталскоп
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1961
Содржина: Во почетокот на ХХ век Македонија и натаму се наоѓа во ропска положба под власта на Отоманската Империја. Како одговор на теророт на кој е изложен македонскиот народ, се пројавуваат низа различни начини на реакција, како што се организираните чети комити, подготовката за востание, а меѓу другото и акциите на гемиџиите во Солун. Сакајќи да го привлечат вниманието на светската јавност врз Македонија, гемиџиите, група македонски анархосоцијалисти, синови на богати трговци кои се под влијание на руската нихилистичка литаратура и идеите на женевските анархисти, решаваат да извршат во април 1903 година низа напади на објекти во Солун, во кои е инвестиран странски капитал. Целта на овие напади се францускиот брод Гвадалкивир, Отоманската банка, Електричната централа, Поштата. Оружјето со кое се подготвуваат да ги извршат своите акции Коста Кирков, Орце Поп-Јорданов, Илија Трчков, Павел Шатев, Димитар Мечев, Пингов и Иван Попов го снабдуваат, меѓу другото, и преку трговската фирма на Кирков. Подготовките се вршат во голема тајност, но власта сепак претпоставува одредени тероростички напади. Најголем проблем претставува рушењето на Отоманската банка, меѓу другото и поради можноста да настрадаат недолжни луѓе. За ден на нападите е одбрана ноќта на карневалските свечености кога во објектите одбрани за акција нема луѓе. Акциите се извршуваат синхронизирано и во нив, како што претходно беше решено, гинат повеќето од учесниците, свесно жртвувајќи го својот живот за иднината на слободна Македонија.
Награди: 1961 ФЈИФ, Пула, „Јелен“ – традиционална награда од публиката; 1961 ФЈИФ, Пула, Специјална поединечна диплома за сценографија Диме Шумка; 1961 ФЈИФ, Пула, Признание од жирито за успешно негување на акциониот жанр во домашниот филм – Жика Митровиќ

Автори:

Режија: Митровиќ Живорад – Жика
Сценарио: Бошковски Јован
Директор на фотографија: Петковски Љубе
Монтажа: Стојановиќ Катарина
Главна улога: Гавриќ Александар, Дамевски Дарко, Оцокољиќ Драган, Беголи Истреф, Мок Јоаким, Тодоровиќ Марко, Беренс Мерлиес, Прличко Петре, Спасовски Стево
Споредна улога: Исаја Јован – Јон , Автовски Никола, Васовски Панче – Камшик, Цекова Стојка
Директор на филм: Лазаревски Никола
Снимател: Самоиловски Мишо
Костимографија: Глишиќ Мира
Музика: Радиќ Душан
Сценографија: Шумка Диме
Тон: Гојковиќ Драгољуб
Асистент на режија: Ѓурчинов Александар – Ацо , Недков Кочо
Организатор на снимање: Вељковиќ Предраг
Помошник на режија: Стаменковиќ Миомир – Мики

Други улоги:
Дара Милошевиќ
Миодраг Лончар
Саша Груден
Жарко Којчев
Жарко Стојмиров
Ѓура Турински
Други соработници:
асистенти сниматели — Васе Василевски
асистенти сценографи — Јован Радиќ; арх. Ј. Јорданов; В. Василевски
секретар режисер — Штефица Хрушкар
помошници директори — Ж. Петровиќ
организатори на снимање — Салко Бајчиќ; В. Филиповиќ
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *