Тоа се вежби за кои е потребно исклучување на сетилниот апарат. Ова се изведува со многу умешност бидејќи апаратот никогаш не сака да биде исклучен.
Се седнува во празна соба и со едно нурнување во внатрешноста се стивнува бучавата на умот. Потоа, со просто движење на здивот кое што не зафаќа простор во времето, се разрешуваат сите потиснати конфликти од детството.
Целта на вежбите е постигнување рамнотежа која што од постоењето прави престол на кој удобно се заседнува тивката среќа, осудувајќи ги на неуспех сите обиди за преврат.
