Коментари

Наместо есен

Таа слика соодветствува на некакво матно, неиздефинирано чувство, поврзано со ситуација што во тој миг е како неразвиен филм, од кој би останал само блескав отпечаток на нејасната слика. Ако поработам на неа, можеби ситуацијата ќе се одмота.
Почнува со нежно расчленување на душата, и потрага по составните делови на животот, пребројувајќи ги клетките, поместувајќи ги атомите и слични библиотекарски зафати.
И на една полица кај што стојат жолтите лиска, маглата, дождот и стаклата врз кои се напластила непроѕирната пареа, по летото 2008 има празно место, дупка, лишеност.
Што се случило? Можам да се сетам на еден миг во кој посакав да ја избришам целата меморија и со нова табула раса да го дочекам падот на системот, слично на ново раѓање. Но наместо сè, се избришала само есента…
Па и тоа е нешто, бидејќи во нејзините дождливи вртлози имав спакувано големо парче од ужасот на исчезнувањето…
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *