Македонија

Самовилска Свадба

САМОВИЛСКА СВАДБА

Среде поле пусто идат билјари
Шепотат во ноќта чудни тивки зборови
Глас да донесат, да ја разбудат
И во бели свили да ја облечат

(Отвори се зоро, оро затечи
Ќе ти дојдат на оро сватови)

Изгреј, изгреј јасно сонце таа да се огледа
Каде оди ветер вее, расплела ја косата
Се што има цвет да цвета, светот да се заниша
Каде лета нека лета, песни да се заплетат

По билјето росно идат билјари
Светлина на раце носат сватови
Да ја погледнам и да запеам
И на гради неа да ја прегрнам

(Отвори се зоро, оро затечи
Ќе ти дојдат на оро сватови)

Изгреј, изгреј јасно сонце таа да се огледа
Каде оди ветер вее, расплела ја косата
Се што има цвет да цвета, светот да се заниша
Каде лета нека лета, песни да се заплетат

Сашо Гигов – ГИШ

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *