Македонија

Редот на Зелениот дракон

Авторот на уште една таинствена страница од окултната историја на нацистичка Германија станува францускиот езотерик Жан Робен. Во своите замисли, тој се потпира врз идеите на Рене Генон, кои сепак, остануваат премногу специфични за праволиниските следбеници на овој учител.
Основниот став во неговата теорија, кој го разликува од сите истражувачи на „тајната теорија“ е вековниот заговор на нацистите. За него, Третиот рајх не е нова појава и ги олицетворува во себе сите негативни сили што дејствуваат во светот.
Авторот се потпира на такви претходници како што се Повел и Берже, кои во својата книга „Утрото на маѓосниците“, први почнуваат да зборуваат за окултната страна на нацизмот. Потоа се појавуваат трудовите на Рене Ало, кој го објавил обемното истражување „Хитлер и тајните друштва“ и на други познати мистици.
Токму Ало прв обрнува внимание на симболиката на зелената боја во ритуалите на СС. Оваа боја се поврзува со муслиманскиот свет, а исто така и со раст и со продуктивност. Ало ја открива дури и во омиленото пенкало на шефот на Црниот ред, Хајнрих Химлер.
Робен ја продолжуваа таа езотерична линија. Како вистински следбеник на Генон, тој одвојува неколку негови цели. Првата ги засега принципите на развој: тој оди од првичната полнота и совршенство кон се подлабока профанација на традицијата.
Според втората цел, во историјата дејствуваат како добри, така и зли сили и нивната борба е главниот движечки фактор. За главно сатанистичко движење и за негова главна организација Робен го смета редот на Сет. Токму неговите претставници се одговорни за деградацијата на човештвото.
Понатаму, тој тврди дека силата што му се спротивставува на злото е јудизмот, кој со векови ја чува врската со Творецот. Оваа религија е носител на објективното апсолутно благо што ги спасува нејзините адепти од власта на Сет.
Само Евреите, според Робен, ги поседуваат тајните на суштинската иницијација – магични дејствија способни да го одведат човека до Бог. А сите антисемитски организации, напротив, вршат контраиницијација, под чие дејство луѓето се оддалечуваат од својата цел.
Кон ваквите ставови се придржува и познатиот претставник на масонските кругови Жан Турнак. Во нивната верзија, историскиот процес, од окултна гледна точка, добива црти што се апсолутно различни од другите научници.
Од прастари времиња, во Европа се спротиставени две таинствени организации чии клонови се многубројни мистични редови. Првата се нарекува Редот на седумдесет и двајца и неговите членови првично се жреци на староегипетскиот бог Сет.
Друго име на оваа организација, под кое е позната на Исток, е Редот на зелениот дракон. Според Робен, нејзините основни црти секогаш биле антисемитизмот и крајниот национализам. За своја главна цел редот го смета уништувањето на позитивната традиција на иницијација, која се појавува во јудаизмот, во христијанството и во хуманите клонови на исламот.
За да го спречат доаѓањето на месијата, кој е олицетворение на принципот на доброто, членовите на Редот на седумдесет и двајцата треба да ги убиваат претставниците на насјтарите свештенички родови, а и да го заблудуваат јавното мислење во врска со целите на другата, ним спротивставена сила.
Таа го носи името Ред на приората на Цион и е создадена специјално за да ги спречува дејствијата на нацистите. За таа цел, неговите претставници создаваат тајни редови и организации во кои строго се чува позитивната традиција.
Секоја страна има свои претставници во сите сфери на општествениот живот. Таква поделба постои дури и во кралските династии во Европа. Една од најдолгите е тајната борба меѓу родовите на Меровинзите и на Каролинзите.
Спроед преданијата, Меровинците водат потекло од Венијаминовото колено на израелскиот народ. Токму затоа, тие ја нарекуваат Франција „Нов Израел“. Врз таа династија се потпира Редот на приората на Цион, во својата борба против Редот на седумдесет и двајцата.
Но по наредба на кралот Пепин, кој му припаѓа на родот на Каролинзите, по една долга војна, е убиен последниот претставник на таа некогаш моќна фамилија. Овој настан се случува на 23 декември 679 година, на денот на зимскиот солистициј, и има ритуален карактер. По сé изгледа дека династијата на Меровинзите исчезнала засекогаш.
Но Робен тврди дека синот на убиениот Дагобер Втори, принцот Сигебер, успева да се спаси. Заштитуван од верните слуги и свештеници на Редот на приората на Цион, тој стигнува до опатијата Рен-де-Шато, каде што го сместуваат во најстрога тајна.
Претставниците на редот треба по секоја цена да го зачуваат стариот царски род на Израел, кој има света моќ. Служејќи се со тајна политика, тие подготуваат услови за реванш, во кој династијата на Каролинзите треба да биде соборена од потомците на Дагобер Втори.
Тргнувајќи од ваквата состојба на работите, Робен заклучува дека главната потпора на Редот седумдесет и двајца е Германија. Токму таму постојано се раѓаат и се развиваат јудофобски окултни идеи. За потврда на своите зборови, авторот го наведува следниов загадочен факт. Есента 1914 година, синот на германскиот цар Вилхем Втори – принцот Фридрих – Вилхелм, го посетил гратчето Стене. И таму, неочекувано, во својата резиденција, е убиен последниот претставник на Маровинзите.
Посетувајќи ја локалната црква, тој наредил да го фатат свештеникот, отец Манжен, и да го распрашаат за некои историски настани. За какви настани, не е познато. Необично е тоа што заробеникот одбил да одговара на прашањата, дури и кога бил подложен на најстрашни измачувања. Тој починал следниот ден.
Каква тајна не сакал да издаде отец Манжен? Според верзијата н Робен, тој е чувар на ракописот кој раскажува за спасувањето на принцот Сигебер. Во документот, исто така, има и список на сите негови потомци. Не е тешко да се сетиме што планира да направи царот со омразениот род, ако тој се најде во неговите раце.
А ракописот е безбедно скриен во олтарот на женскиот манастир во градот Монс. Интересно е дека во 1943 година, тоа место е посетено од двајца офицери на СС. Тие го бараат истиот ракопис. Но набрзо потоа, според зборовите на Робен, следбениците на отец Манжен го кријат документот на друго место.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *