избор

Раздели па владеј

Се изначитавме како начинот на контрола преку максимата “Раздели па Владеј” се припишува на римскиот владетел Цезар и францускиот император Наполеон. Сличен начин на војување предлага и Николо Макијавели. Но, дали е тоа така и од каде потекнува овој принцип на освојување?

Раздели и владеј е воена тактика која што се стреми да го подели непријателот во две или повеќе групи. Разделувањето на противничките војски предизвикува паника во спротивниот табор, кој што станува немоќен да се брани на повеќе фронтови. Во денешно време овој израз се користи и во политички и социолошки контекст. Техниката опфаќа охрабрување на поединци од противничкиот табор за присоединување кон оној кој што разделува, односно напаѓа; спонзорирање на недоверба и непријателство во редовите на противникот; поттикнување на нелојалност и омраза помеѓу локални и регионални управители, односно владетели; охрабрување на безначајни трошоци кои што ќе го намалат капацитетот на политичките и воените расходи, и слично. Овие техники биле прилагани во многу конфликти на сите континенти, уште од дамнешни времиња. Денес освен во воени, најчесто се користат во политички цели.
Во повеќето извори со кои што располагаме е наведено дека за прв пат оваа тактика била употребена од Филип Втори Македонски, во неговата борба против “грчките” градови – држави. Не само воено, туку и ја поттикнувал неслогата помеѓу одделни локални филозофи и благородници, сè со цел за подоцна полесно да ги освои.
Серафим, ЛОЗА 2015

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *