избор

Претседателска гарда

ИСТОРИЈА НА БАТАЛЈОНОТ ЗА ПОЧЕСТИ И ОПСЛУЖУВАЊЕ
Баталјонот за почести и опслужување е заснован врз темелите на Првата Гардиска бригада која беше формирана по осамостојувањето на Република Македонија на ден 26 Март 1992 година во касарната “Илинден”, по заминувањето на тогашната Југословенска Народна Армија и формирање на Армија на Република Македонија.
Со преструктуирањето на Армијата на Република Македонија во 2001 година, започна формирањето на Гардискиот Баталјон за почести и опслужување во состав на  Првата Гардиска бригада која беше активно вклучена во одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритетот на Република Македонија во сите кризни подрачја.
Според тогашната формациската поставеност на баталјонот во неговиот состав беа: Командата на баталјонот, првата и втората гардиска чета, четата за опслужување и воениот оркестар. Во составот на баталјонот влегоа старешини со големо искуство стекнато во првата Гардиска бригада, така што на 22.07.2002 година официјално почна да функционира гардискиот баталјон за почести и опслужување.
На 01.03.2006 година, Гардискиот баталјон за почести и опслужување се трансформира во баталјон за почести и опслужување во чија формациска поставеност влегоа: Команда на баталјонот, гардиска чета, чета за опслужување и воен оркестар.
Со последната трансформација во АРМ, со која се вршеше професионализација, осовременување и целосни подготовки за влезот во НАТО, баталјонот за почести и опслужување е ставен во формацискиот состав на Командата за логистичка поддршка (КЛП) на АРМ.
Мисијата на Баталјон за почести и опслужувања е:
•    Стручно и методско оспособување и усовршување на целокупниот состав за давање на протоколарни почести од различен карактер и големина.
•    Постојано Логистичко обезбедување на Министерство за Одбрана и Генерал Штаб на Армијата на Република Македонија во сите услови.
•    Обезбедување на Претседателската резиденција со готовиот вод кој е во состав и дел од мисијата на Баталјон за почести и опслужувања.
Согласно Правилото на служба во АРМ, баталјонот за почести и опслужувања денес постигнува квалитетено и професионално ниво во  организирањето и изведувањето на борбената обука, при што се создадени пореални услови за постигнување на пропишаните норми дадени според НАТО – борбените правила.
Баталјонот за почести и опслужување на многубројни странски делегации и државници им оддаде почести на највисоко професионално ниво.
ГАРДИСКА УНИФОРМА
Гардиската униформа се состои од следните делови:
–    Гардиска капа
–    Гардиска марама
–    Гардиско палто
–    Гардиски колан
–    Кошула
–    Гардиски панталони
–    Гардиски чизми
–    Бели ракавици
–    Гардиска наметка
•    Гардиската капа претставува стилизиран качкет во темно црвена боја кој на двете страни има аплицирано знак на Армијата на Република Македонија кој претставува  стилизиран цвет на сончоглед.
•    Гардиската марама е свилена марама во црвена боја.
•    Гардиското палто е во сива боја со црвено црни апликации на јаката, копчињата се изработени во златна боја и на нив е аплициран знакот на АРМ, на палтото од  десната страна се поставува висок кој е исплетен од темно црвен конец и на краевите има два метални дела кои претставуваат два куршуми.
•    Гардискиот колан е изработен од темно црвено платно кое е извезено со златна срма во традиционален македонски вез истиот се закопчува со копча на која е аплициран знакот на АРМ во златна боја.
•    Кошулата е од бела свила.
•    Гардиските панталони се изработени од платно во сива боја од страната се пришиени две црвени линии.
•    Гардиските чизми се изработени од црна кожа, истите се во висина на коленото а во горниот дел се пришиени кожни ленти во сива боја и истите претставуваат стилизирани чевли со калоши.
•    Бели платнени ракавици.
•    Гардиската наметка претставува стилизирана наметка ( гуња) изработена е во темно црвена боја, под јаките во висина на копчата за закопчување на истата се додадени две метални токи во златно жолта боја кои го претставуваат македонскиот штит. Постојат две варијанти на Гардиската наметка и тоа летна изработена од платно и зимска изработена од чоја.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *