Македонија

"Татковина, Народе!"

                .

Ништожник е оној, кој што има подобар пријател од татковината

– Софокле


“Љубовта кон татковината е навистина свето чувство, неизбежно е за секој благороден човек, и необходно за оние во кои што останала трага од чест и посакуваат да живеат вечно во устите на потомците, а не да умрат наеднаш откако како животинки за неколку минути ќе го подишат тој атмосферски воздух, и оттргнати од списокот на живите, да останат за секогаш излишно бреме на земјата.
Но колку таа вистина е светла и од сите воопшто се исповедува, толку помалку влијае врз чувството на сите нас. Ние, богатите, благодарни да се тркаламе во изобилијата на печалбите, мислејќи повеќе за личното и материјално богатство, се стремиме само да ги умножуваме нашите желби, тркалајќи се во вечна заблуда и суета, каде што бескрајната фантазија откако еднаш нè одвлекла од умереноста љуби да нè заблудува во бескорисни и фантастични задоволства, кои што всушност никогаш во животот не ги наоѓаме, и си остануваме без да вкусиме од она природно и постојано насладување – дека сме ги облагородиле ближните и татковината си. А во последните минути, стресени од совеста, умираме мошне нажалени и татковината ни, милата ни мајка родилка не облекува траур за нашата смрт, ниту пак молитвите на останатите браќа нè придружуваат: татковината нè отфрла како чеда недостојни за нејзината љубов, како странци со зборовите: тргни се од мене, изроде! И потомството ни ја осудува бесчувствителноста и рамнодушноста со обичните зборови: “И жив беше бесполезен, и умрен си достоен за осудување!”
Скрбен слух! Жалосен глас! Татковината да се откажувала од своите чеда, браќата од молитвите а роднините и целиот словесен свет од пофалата!…….”
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *