Тајната на Олимпија од Паскал Камбуровски

Олимпија била каменувана

Сомневањата на Олимпија биле оправдани, Касандар по предавањето на Амфипол го погубил легендарниот генерал на пеонската коњица, еден од најистакнатите генерали на Александар – Аристон, додека Олимпија била каменувана во самата крепост Пидна. Роксана и малиот Александар биле притворени во крепоста Амфипол

Сега на чело на Македонското царство останал само еден легално избран цар – синот на Александар, прогласен за цар уште пред неговото раѓање. Според македонските правила и обичаи до полнолетноста на избраниот цар, вршител на должноста цар или како што се нарекувал регент бил избрано лице од Народното собрание кога заседавало во државата или од Собранието на Македонците ако заседавало надвор од државата.
Олимпија ја имала Пела и го имала Собранието, сега и требал регент кој истовремено би ја презел и функцијата чувар и старател на царското семејство, а тој во создадената ситуација можел да биде само еден – Птоломеј.
Птоломеј владеел во Египет и имал силна и многубројна војска која можела да се справи со секој противник. Олимпија била уверена дека Птоломеј уживал силен авторитет кај војниците и народот и во него го гледала спасот од пропаст на Македонското царство. Во таа смисла започнале преговорите со Птоломеј и постигната била согласност тој да пристигне во Македонија, да се ожени со Клеопатра, ќерката на Олимпија и да го преземе кормилото на државата во својство на регент. Подоцна се покажало дека поумно би било ако Олимпија би се договорила со Лизимах, управителот на Тракија- многу послаб од стратегиска гледна точка од Птоломеј, но затоа најблиску до Пела.
Големото растојание од Македонија до Египет не и овозможило на Олимпија веднаш да ја реализира својата намера. Меѓутоа, од кога дознал Касандар за настаните во Пела со молскавична брзина пристигнал во Македонија и се судрил со војската на Олимпија. Олимпија немала никакви шанси за победа и се утврдила во крепоста Пидна, чекајќи помош од другите покраини, па и од грчките државички. Нејзините борци храбро се бореле. Олимпија добивала помош само од Аристон преку морски пат, но искусниот Касандар извршил опсада на крепоста и од копно и од море. Тоа било во 316 г. ст. е.
Во крепоста завладеел глад. Олимпија била принудена да ја прифати спогодбата според која таа требала да ја предаде крепоста Амфипол, а Касандар да ја ослободи Роксана и малиот Александар, кои заедно со Олимпија би заминале за Молосија. Олимпија не му верувала на Касандар, но друг излез немала. Сомневањата на Олимпија биле оправдани, Касандар по предавањето на Амфипол го погубил легендарниот генерал на пеонската коњица, еден од најистакнатите генерали на Александар – Аристон, додека Олимпија била каменувана во самата крепост Пидна. Роксана и малиот Александар биле притворени во крепоста Амфипол.
Таков бил крајот на Олимпија- мајката на најголемиот цар во светската историја- Александар. Не и се исполнил сонот да го види својот внук на царскиот престол и да го изврши погребот на својот син Александар. Остана до денешен ден тајната за местоположбата на ковчегот со балсамираното тело на Александар.
Судбината на ковчегот ја решила Клеопатра
Не постои никакво сомневање дека Клеопатра не го испочитувала мислењето на мајка си и ковчегот не е сочуван на Големите пеонски гробишта.
Логично е да се смета дека урните со моштите на Аристон и неговото семејство, кое исто така било погубено, да се погребени на истите гробишта.
Сите овие работи како што се криењето на ковчегот на Александар, погребот на Аристон и на неговото семејство и погребот на Олимпија се вршеле во исто време – две години по смртта на Олимпија.
Границите на пеонските гробишта можат и денес да се забележат. Тие зафаќаат повеќе од 300 хектари земјиште.
Најзабележителен дел од нив е величествениот храм, чии остатоци можат да се видат над селото Марвинци. Интересно е мислењето на Бранислав Стефановски, кој дава објаснување за етимолошкото значење на зборот Марвинци. Тој пишува: „Самото име Марвинци претставува фонетска јазична адаптација на првобитната античка македонска форма МАРМИНЦ’, МАРМИНЦИ која е со значење ГРОБИШТА (мермерни паметници). Етимолошки формата МАРМИНЦ’, МАРМИНЦИ претставува кованица од мармуре + минци, која е со буквалното значење мермерни паметници – споменици“.
Храмот, меѓу другото, служел и за вршење потребни ритуали. Тој во денешно време е потполно запоставен. По него шетаат овците и козите од поблиското бачило. Оставен е без доволно да биде истражуван и без да биде во целост откриена неговата историска вредност. Во изгравирани камења може да се прочита дека тој потекнува најмалку од времето на Аминта, таткото на Филип, односно дедото на Александар. Највпечатлив дел од храмот се двете архитравни греди од наосот, односно од светилиштето во храмот. Тие со години чекаат некој да се сожали и да ги заштити од забот на времето. Повеќе од 2000 години тие се симбол на вознесот и славата на македонската држава. Секоја држава би се гордеела со таков редок и величествен споменик од својата историја. На нив како светлечки ѕвезди се гледаат изгравирани букви со застрашувачка порака од далечното минато. Написот е во два реда во продолжение од едната на другата греда. На првиот ред со големи букви (12см) е напишано името на кого му е посветено светилиштето.
Читаме:
„На македонските владетели светилиште на татковината“. Изразот е составен од две именки МАКЕДОНИА и АРХ, членувани во множинска форма како машки род, НАОН значи светилиште, ТХ ПАТРИА значи на татковината. Написот е толку јасен, а содржината толку едноставна, што човек би се запрашал: како може да не се обрне внимание кога се работи за таква величествена порака?!
извор: НОВА МАКЕДОНИЈА

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *