Тајната на Олимпија од Паскал Камбуровски

Рокчињата на Александар

Аргиадите не биле припадници на грчко племе кои ја создале Аргиадската царска лоза, туку дека тие биле автохтони Македонци од Орестија (сегашна Костурска област). Тие се нарекувале Аргијади (Аргеади) што дословно значи главни козари. Тие со тоа се гордееле. Затоа и Александар Македонски во многу прилики е прикажуван со рогови. Во денешна Туркменија се сочувани гробишта од времето на Александар и таму можат да се видат три импозантни мермерни столбови на чии врвови се претставени глави на овни

Кога пред извесно време британски научници што ги истражувале причините за смртта на Александар Македонски побарале средба со мене за да ме прашат: „Од кои оригинални извори користев при пишувањето за смртта на Александар?“, им одговорив: од истите што се и на ваше располагање: Николас Хамонд, Николас Сандерс, Јуџин Борза, Питер Грин, Грифит, Бадијан и др.
Но има нешто што вашите, британски историчари го немаат, им реков, а тоа е што тие не се Македонци. Зашто само Македонец може да проникне и да ја открие душата на своите предци и да ги разбере нивните постапки и дела. Бидејќи забележав заинтересираност од нивна страна им го раскажав следниот пример: Вашите и светските научници со години го истражуваат местото на првата престолнина на Македонија, односно, главниот Козји Град. Еднаш го сместуваат во Водена (денешна Едеса), друг пат во Берија, Перија и на крај утврдиле дека првата престолнина на Македонија била во Еге, односно сегашна Вергина.
За македонскиот истражувач нема никакво двоумење дека главниот Козји Град се вика Аргида и тој се наоѓал во денешното гратче Аргос Орестикон (Рупишта). Додавката „Ар“ означува главен, а зборот „гида“ и ден-денес се употребува во Костурската област и значи коза. Македонскиот истражувач знае дека античките Македонци ја обожавале козата Амалтеа, која го доела Ѕевс – синот на богот Кронос, додека тој бил скриен во пештерата, а по нејзината смрт богот Хефест од нејзината кожа изработил непробиен штит наречен „е-гида“ и му го подарил на Ѕевс. Исто така е познато дека козата била маскота на Македонците.
Македонците, исто така, знаат дека Аргиадите не биле припадници на грчко племе кои ја создале Аргиадската царска лоза, туку дека тие биле автохтони Македонци од Орестија (сегашна Костурска област). Тие се нарекувале Аргијади (Аргеади) што дословно значи главни козари. Тие со тоа се гордееле. Затоа и Александар Македонски во многу прилики е прикажуван со рогови. Во денешна Туркменија се сочувани гробишта од времето на Александар и таму можат да се видат три импозантни мермерни столбови на чии врвови се претставени глави на овни. Има ли поубедлив пример за тоа кои биле Аргиадите и од каде е нивното потекло? Кај нашиот народ и до денешен ден може да се слушне поговорката: „Да му пцовиса козата на комшијата“, а не да му пцовиса кравата или свињата.
Откако гостите биле исклучително заинтересирани за моите искажувања, им посочив уште два примера кои за странските научници се чини дека се тешко сфатливи.
Прво ги прашав дали знаат што значи цветот, кој е нацртан на предметите што се пронајдени во гробниците во Кутлеш (Вергина)? За кое цвеќе станува збор и каква е неговата симболика? Им објаснив дека станува збор за лотосово цвеќе со 10 сини листови кое според македонските верувања претставува симбол на вечниот живот. Денес ова верување е многу присутно во индиските обичаи. Лотосовиот цвет Македонците го ставале, односно го исцртувале на погребните предмети како симбол на вечниот живот. Тоа може да се види дури и на 16-тозрачното македонско сонце.
Кога го свртев листот на грчката брошура „Вергина“, што ми беше при рака, ја здогледавме царската дијадема која пленува со својата убавина.
Ги прашав гостите дали знаат на кој цар му припаѓало ова ремек дело? Одговорот беше – на Филип Втори.
Се разбира дека одговорот не е точен. Според Никос Андроникос – истакнат грчки археолог, кој ги открил гробниците во Кутлеш (Вергина), дијадемата е составена од 309 до 312 дабови листови и 68 желади.
Не е тешко да се претпостави дека бројот на листовите ја покажува годината на раѓањето, а бројот на желадите покажува колку години имал починатиот цар. Ако се изврши трансформација на броевите и времето се пресмета според мерењата во античко време, се доаѓа точно до годината 468 од старата ера кога бил роден Архелај Први – основачот на Пела и годината 399 од старата ера кога царот бил убиен.
извор: НОВА МАКЕДОНИЈА

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *