Превземено

Куп коски под Париз, "градот на светлината"

.
Во подземјето на Париз се наоѓаат катакомби и тунели кои ја кријат мрачната историја на градот на светлината.


Главниот град на Франција има 12 милиони жители, а под него се наоѓа таканареченото француско царство на мртвите каде почиваат 6 милиони луѓе.

Катакомбите се мрежа тунели, пештери со некогашни каменоломи, многу од нив исполнети со коски и черепи.


Тунелите, долги околу 1,7 километри се наоѓаат 20 метри под површината.

Во некои од нив луѓето може слободно да се движат но доколку преминат во забранетите зони може да бидат казнети во износ од 60 евра од страна на полициските патроли.
Влезот за посетителите на катакомбите е на плоштадот Данфер Рошро.
Царството на мртвите настанало во 18-ти век, кога градските власти поради преполните гробишта се одлучиле да ги пренесат остатоците од гробовите во подземните каменолом.

Бројот на закопани тела на гробиштата во Париз и под црквата бил толку голем што таа почнала да се пробива низ ѕидовите на подрумите, куќите и предизвикала сериозни здравствени и хигиенски проблеми. Со поместувањето на телата во каменоломите тој проблем е решен.

Катакомбите се една од причините што Париз има многу високи згради, бидејќи тунелите поминуваат точно под градските улици, па така не било бозможно да се направи голема основа за градење.

Тунелите инаку ги користеле и Германците, кои таму направиле бункер како и припадниците на Францускиот отпор во Втората светска војна.

 
извор

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *