избор

Средиштето и неговиот лавиринт

Сметам дека змијата си ја гризнала сопствената опашка – не за да се проголта до исчезнување, туку да го додржи светот (што го симболизира) за тој да не се распрсне во бескрај. Вистинското значење на симболот е во угризот, што змијата цврсто си ја угризала опашката и не ја пушта да се мавта слободно во просторот, или да расте безгранично. Eнергијата на устата што се стреми да се самопроголта и на опашката што сака бесконечно да расте или да се откине е, на тој начин, рамномерно распоредена и можеби благодарение на таа изедначена борба меѓу устата и опашката се држи сиот видлив и невидлив свет.

Уроборосот е всушност, јамката вечно затегната меѓу  животот и смртта (vagina dentata), материјата и енергијата. И таа јамка можеби средиштето на секој лавиринт, поради кое се испреплетуваат сите оние збунувачки свиоци и патеки наоколу.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *