Македонија

Ланс фон Либенфелц и Остара

Од 30-тите години на дваесеттиот век, во Германија постојат најразлични слухови за темпларите. Мнозина ги сметаат за поклоници на сатанистички култ, најинформираните велат дека редот исчезнал, заедно со своите мајстори, уште во средниот век. А мал е бројот на оние што веруваат дека тој навистина постои.
Но се наоѓа еден човек, кој посакува да го воскресне ова религиозно движење. Тоа е Ланц фон Либенфелц, кој притоа е една од фигурите кои извршувале длабоко влијание врз ставовите и врз светогледот на тогаш уште младиот Хитлер. Неговата дејност се развива на границата на мистиката и на нацистичките идеи. Затоа, зафаќајќи се со обновата на редот, тој постапува исто како познатиот доктор Франкенштајн: сите делови на добиената рожба се земени до различни, тешки спојливи извори.
Интересот на Либенфелц кон најразлични тајни редови е огромен читајќи ги средновековните легенди за Парсифал и за рицарите на чашата (се мисли на легендарниот Грал), тој симболично ги интерпретира како опис на духовна потрага. Во 1907 година доаѓа до заклучокот дека под маската на чуварите на Гралот, се кријат истите темплари.
За него, како и за Гвидо фон Лист, редот е носител на окулното ариевско знаење. Целта на темпларите е создавањето голем ред-држава, кој ќе се простира на територијата на цела Европа. Неговиот центар треба да биде Германија, обновена со помошта на розенкројцерите.
Ланц ја сфаќа чашата како симбол, кој во себе го содржи клучот за ослободување на енергијата на ариевската раса. Но неа може да ја користи само оној чии карактеристики се совпаѓаат со карактеристиките на чашата. Оттука, овој мистик го изведува заклучокот што, според него, е единствениот правилен: Артур Парсифал, Зигфилд и другите личности од легендите, со чистокрвни Аријци.
Потрагата по храмот во кој се чува овој сад е интерпретирана како потрага по совршеното тело. Во тоа се гледа влијанието на масонските претстави за храмот како претстава на светот и на човекот. За Либенфелц, ваквите идеи се откровение: тој смета дека темпларите се занимавале со евгеника, па и самиот тој почнува да се занимава со таа наука.
Така е изграден ариевско-херојскиот лик на редот. Но нему не му е судено да се реализира во целост. Ланц решава да создаде нов ред, кој се нарекува редот на новите темплари. Една од целите на редот е претставена како (ни помалку ни повеќе) крстоносен поход за Гралот.
Со помош на пријателите и истомислениците, Ланц го добива замокот Верфенштајн, за во него да го организира седиштето на редот. Тоа место не е избрано случајно.
Замокот е составен од романтични урнатини расположени на стрмниот
брег на Дунав. На Бадник 1907 година на кулата е кренато знаме со свастика, кое подоцна ќе стекне толку жална слава.
Во еден од броевите на езотеричното списание „Остара“, чие име западниот човек го асоцира на Исток и на ѕвездата наречена според името на старогерманската божица на пролетта, Либенфелц ја објавува програмата на редот. Тој е претставен како ариевско друштво за заемна помош, повикано да ја воскресне изгубената свет за големината на нордиската раса.
Првично, за таа цел, во замокот се организираат празници, концерти со паганска музика и огномет. Ваквите манифестации помагаат за зголемување на популарнсота на редот меѓу приврзаниците на националната обнова. Се планира, исто така, таму да се организира и музеј на ариевската антропологија.
Либенфелц, подоцна избран за мајстор, почнува да ги создава правилата и ритуалите на редот. Нивното разработување се одвива во атмосферата на апсолутна тајност, за напредувањето на работата не знаат дури ни најблиските пријатели. За создавањето на комплетната доктрина се потребни повеќе од десет години.
Во првите десет точки од Уставот се конкретизираат задачите на редот. Тој се опишува како расно религиозно движење во кое можат да влезат само оние што ги имаат белезите за припадност кон ариевската нација – светла боја на косата, сини очи, правилен телесен состав и, се разбира, прочуениот нордиски карактер.
Луѓето кои се вклучуваат во организацијата треба да ги помогнат своите браќа и на сите можни начини да спречуваат лицата од пониските раси да доаѓаат на повисоки професионални должности. Тие се, исто така, задолжени да склучуваат само „чисти“ бракови („чисти“ во однос на крвта) и да го помагаат влегувањето во редот на нови членови, се разбира, само и ако и припаѓаат на ариевската раса.
Но за можните адети им се препорачува активно да учествуваат во создавањето нови филијали на редот. Местата за тоа треба да се избираат многу внимателно. Особено погодни се оние што некогаш биле населувани од темплари.
Езотеричниот дел во редот е претставен со мистична религиозна практика. Таа се состои од посебни песни, псалми и молитви, и од други традиционални култни елементи. Сите тие се собрани во неколку мошне дебели ритуални книги.
Во еден од томовите се наведуваат три молитви (утринска, пладневна и вечерна), за секој ден од неделата. Исто така, има и темпларски химни и приказни во кои се опишуваат настани од животот на ариевските херои, кои задолжително имаат победоносен крај.
Голем дел од материјалите во таа „библија“ се однесуваат на факти од историското минато, кои, според авторите, навистина се случиле. Сестраниот правилник, според Ланц, треба да изврши позитивно влијание врз ариевскиот карактер и да го обнови традиционалниот германски начин на живот.
Големо внимание и се посветува на хиерархијата во редот. Целото богатство е поделено на седум степени, во зависност од расните белези на адептите. На „дното“ се наоѓаат оние во кои ариевската крв е застапена со помалку од половина, а исто така и младите кои уште не наполниле 26 години, кон кои уште не се применува расниот тест.

 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *