Коментари

"Нема веќе Македончиња. Пораснаа и физички и духовно."

“Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив…ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и ќе го прославуваат македонското име!”
 

      Глигор Прличев, Солун, 1885

За НетПрес од Атина, Марија Котовска 24.06.2012

Македонија е света земја, бидејќи идеите и луѓето што ќе се родат на ова свето тло имаат потенцијал да се рашират низ целата планета. Затоа Светиот Апостол Павле, со Божја волја, го рашири христијанството низ Европа токму од оваа македонска земја. Затоа се уште не се родил војсководец што го ќе го надмине кралот над кралевите, Македонецот Александар, ниту просветител како солунските браќа Кирил и Методиј – Македонците кои го описменија целиот словенски свет.
Македонија е света земја па затоа нејзините чеда,  Македонците,  се непокорни и неуништливи. Или како што напиша еден друг голем Македонец, Петре М. Андреевски –  “Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.
Колективната енергија на Македонците овој период значително се подига. Македонија еднаш беше на врвот на светот, а откако го допревме дното, сега повторно одиме нагоре. Нема веќе Македончиња. Пораснаа и физички и  духовно. Со исправени ’рбети, новите генерации Македонци се цунами за непријателите на татковината. А, непријатели има многу. И надвор, но и внатре. Или како што напиша Гоце Делчев во далечната 1897-ма – “Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот.
Но,  дојде време изродите да платат за предавствата. Пораснаа децата на стечајците. Децата на 200.000 стечајци кои останаа без леб и без здравје благодарение на оние кои се уште, како гладни ненаситни волци, се тепаат за да се вратат на власт во Македонија.
Еден од моите најдраги пријатели е и еден од стотиците илјадници  припадници  на генерациите кои на своја кожа ја почувствуваа гнилоста на политичката “елита” која во најмрачниот период во модерната македонска историја – криминалната транзиција, безмислосно ја ограбуваше нашата татковина.
 
“Додека нивните деца се возеа со автомобили, носеа ’бенетон’ блузони, јадеа по ресторани и се фалеа со нивните скапо платени одмори, ние едвај собиравме за автобус и за по една цигара” , раскажува мојов пријател, кој патем, денеска е успешен мултиталентиран млад човек и еден од најголемите интелектуалци кои ги познавам. Вели – “денешниве млади од по дваесетина години не знаат како беше во тоа време”.  Навистина, годините им се такви, да бидат бунтовници ама без причина и по автоматизам да му се лутат на системот, а и самите да не знаат зошто. Токму ова гласачко тело е најлесно за манипулација. Но, затоа сме тука ние, медиумите, за да ги потсетиме. Зошто христијански е да простиш, но да заборавиш е – глупоќа.
 
Ретко кој може да прости, а уште помалку да ја заборави Битола обвиена во црно по самоубиствата поради грабежот на штедилницата ТАТ, кога еден министер во тренерки од тогашната Влада на СДСМ, среде ноќ дојде и си го наполни куферчето и со него, без око да му трепне, ја однесе и иднината на илјадници македонски семејства.
 
Нема да ви го заборавиме тоа што ни ја ограбивте и осиромашивте татковината, а нема да ви го заборавиме ни тоа што ни ја обезличивте и осакативте. Го продадовте знамето и вековниот кралски македонски симбол – нашето сонце со 16 краци. Се откажавте и од македонското малцинство, од нашите браќа и сестри во соседните земји. И најпосле, вие и само вие сте виновни за срамното ФИРОМ. Пораснаа сите што ги излажавте дека тоа ќе важи само два месеци, па сега, по две децении, кристално јасно ја гледаат вашата монструозна измама. Знаевте дека тоа може да ви пројде само со дрска лага, зошто Македонците своите свети работи не ги ставаат на продажба.

Е затоа сега можете само по дома да си лажете. Зошто за гревовите, Господ ќе ви суди, но се сомневам дека тоа ве засега, оти сите знаеме колку верувате во Господ. Но еден друг суд многу ве боли и тоа не поради совеста туку поради егото кое ви е поголемо од вас, а тоа е судот на народот.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *