Деновиве ќе биде поставен новиот споменик во Скопје. Се очекува да пристигне огромната скулптура од бронза и неколку други материјали за кои што сеуште немаме информација. Ова ќе биде значајно обележје на македонската престолнина, изработено од уметникот кој што засега во јавноста е познат само под псевдонимот Дедо Варадин. Овој споменик е нарачан од тајната организација Лозари, а е изработен во соседна Бугарија. Од извори блиски до спонзорите дознаваме дека станува збор за 34 метарски споменик на Mакедонскиот Змеј. Она што сеуште се крие од јавноста е дали Змејот ќе пристигне сам, или со неговата Змејица.
Априлилили, почитувани. 🙂
0 Comments