Македонија

Новата Атлантида

Меѓу „лажни теории“ за настанокот на човештвото ариевците ја вбројуваат и теоријата на Дарвин, според која човекот потекнува од мајмунот и, следствено, со ништо принципиелно не се разликува од другите животни. Според некои мистици, преданија за древната раса се чувани кај многу народи што потекнуваат од неа. Таа го населува северниот дел од земјата, идентификувана со Атлантида.

Идејата за расната надмоќ на Аријците е клучен момент во целото учење на Третиот Рајх. И затоа, нејзиното докажување се потрошени најмногу напори. За таа цел, езотеричната врхушка на Германија треба да ја пренапише речиси целата древна историја. И тие се справуваат со таа задача користејќи ги, како и во случајот со космогонијата, мистичните и теозофските учења на своите претходници.
Во многу окултни учења присуствува информација за тоа дека во корените на човештвото има некаква раса на полулуѓе-полубогови кои поседуваат совршени знаења и психички можности кои многу кратко ги надминуваат можностите на обичните луѓе. Владеејќи ги сите тајни на битието, па дури и тајните на бесмртноста, претставниците на оваа раса им ги предаваат своите учења само на посветените. Кон нив се вбројуваат многу видни претставници на Запад и на Исток, кои се нарекуваат себеси учители.
Оваа гледна точка ја спроведуваат и многу следбеници на мистичните учења во нацистичка Германија. Само што кај нив таа идеја се дополнува и со верувањето дека претставата за неа е изопачена од претставниците на ниските раси, и тоа свесно, со зла намера. Во таквите „лажни теории“ ја вбројуваат и теоријата на Дарвин, според која човекот потекнува од мајмунот, и следствено, со ништо принципиелно не се разликува од другите животни.
Според некои мистици, преданија за древната раса се чувани кај многу народи кои потекнуваат од неа. Таа го населува северниот дел од земјата, идентификувана со Атлантида, позната од грчките легенди. По катастрофата што го снашла ова митско место, малиот број преживеани успеваат да се населат на континентот и да ги постават темелите на еден нов народ.
Кон потомците на таа раса се вбројуваат народите на Иран, чии митови ги чуваат до денешен ден информациите за земјата што се наоѓа на крајот на светот, на север. На тоа место, на иранскиот пророк Заратруста му се открива вистината и тој основа религија според која во светот се борат две непомирливи начела – светлината и мракот. Особено значење му се дава на фактот дека духовите на доброто и на светлината го носат називот ахури, идентификуван со Асите од германските саги и со ариите од Индија. Симболот на Заратруста е орел, кој пак се јавува исто така, и како еден од архиевските симболи.
Во индиските митови се зборува за Земјата на светлината во која живее Нарајана, или „Оној што стои над водите“. Оваа месност се смета за татковина на Утаракура – народот од кој потекнуваат Индијците, Коренот на тој назив значи благородство и возвишен дух.
Во грчките легенди на многу места се споменува и земјата Хипербореја која се наѓа на север – татковина на крупни и силни воини. Во тие легенди, исто така, постои и таинствена земја Туле, според чие име е наречено највлијателно тајно друштво во нацистичка Германија.
Според преданијата, таа земја се наоѓа на север и е раководена од еден од легендарните владетели – Радамант. Тој потекнува од родот на луѓето, но поради неговата мудрост, тој е удостоен со честа да пие од божествената амброзија, како резултат на што стекнува бесмртност. Тука постои алузија за иницијација на најпросветниот адепт, а наградата што тој ја добива е, ни помалку ни повеќе, туку еликсирот на бесмртноста.
Во постоењето на Туле и на Островот на бесмртните се верува толку многу што се тврди дека Цезар испратил легиони во Британија, па дури и дека лично ги предводел, за да ја најде таа таинствена земја и да стекне бесмртност.
Во „Легендата за кралот Артур и за рицарите од тркалезната маса“ се споменува таинствениот Авалон, исто така расположен на север. Тоа место што подоцна станало гробница на големиот владетел е предмет на постојани потраги, но не е откриено. Но рицарскиот ред создаден од кралот Артур, кој ги поставил основите на многубројни тајни друштва, може да се разгледува и како обид на атлантите да основаат „центар на влијание“ во културата што им била туѓа.
Поблискиот германски циклус го споменува Асгард – градот на Асите, кои често се нарекувани помлади богови. Тие ја одржуваат победата благодарение на своите посебни способности, од кои голем дел можеме да ги наречеме мистични. Од нив произлегуваат многу херои и лидери на Германија и, се разбира, многу влијателни членови на СС се обидуваат да ги доведат до нив своите родовски корени.
Дури и во Мексико, кое е толку оддалечено од огништето на западната цивилизација, се зачувани преданија на Ацтеките, кои татковината на своите предци ја сметстуваат на север, во земјата Ацтлан, нарекувана уште и Земја на светлината. Народот чија култура порано била полна со тајни за Европејците и кој се смета за најверојатниот потомок на загадочните атланти, може исто така да биде и потомок на ариевската култура.
Кон сите овие наведени факти може да се додадат уште и општите јазични корени, а исто така и заедничкото присуство на некои симболи, и тогаш теоријата за потеклото на сите народи од една раса може да изгледа уште поубедливо. И покрај разликите, во митовите можат да бидат изведени следниве општи црти:
– во нив станува збор за земја или за остров расположен на север
– постоењето на таа земај се поврзува со светлина, со сончевиот принцип
– таа е населена од богови или од луѓе чии способности можат да бидат споредени со божествените. Често, тоа е местото каде што загинатите херои наоѓаат вечен живот
– тоа место е невидливо за обичните луѓе
Ако направиме таква анализа, можеме да забележиме дека во основата на потеклото на нордиските народности лежи некаква тајна. Тоа е тајната на митската Атлантида, која е поврзана со тајната за моќта на атлантите. Затоа, во потрага по прататковината тргнуваат различни херои што личат на таинствените трагачи по Гралот, се оргнизираат дури и цели експедиции.
Една од тие мисии се упатува кон Арктикот во април 1942 година, во екот на војната, надевајќи се дека под мразот ќе најде остатоци од древниот континент. Истражувачите понесуваат со себе радиолокациски инструменти, надевајќи се дека ќе уловат сончево зрачење, кое треба да биде најсилно на местото на исчезнатата земја.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *