Македонија

Педесетница – празник на розите, недела на русалките

Русалките биле најопасни за време на неделата на русалките (руски: русальная неделя, позната и како „зелена недела“) на почетокот на јуни. Во овој период, тие навечер ги напуштале речните длабочини за да се лулаат на гранките од брезите и врбите. Во оваа недела пливањето било строго забрането, затоа што се верувало дека сирените можат да го повлечат пливачот на дното од реката. Вообичаена појава на прославата на неделата на русалките била ритуалното протерување или закоп на русалката на крајот на неделата, што постоело и служело како забава во Русија до 30-тите години од 20 век. Макс Фасмер забележал дека самиот збор русалка првобитно се однесувал на танците на девојките за време на Педесетница. Зборот е добиен преку грчкиот збор ῥουσάλια, кој пак е извлечен од латинскиот „rosalia“, термин кој ја означувал Педесетницата (изворното значење е „празник на розите“).
Русална недела е недела посветена на самовилите, тоа е недела во која паѓаат св, Троица/Духови или е недела од Духови до Петрови (поклади) пости. Во Северна и Западна Бугарија, во некои делови на Србија, постоело верување дека преку таа недела самовилите – русалки одат по земјата како обични жени (облечени во бели фустани, со долги коси).
Овој празник бил особено почитуван од жените. Во тек на таа недела жените се подвргнувале на низа забрани (обавување на женски рабити, капење, сексуално општење). Во рани утрински сати се береле росни билки за кои се сметало дека имаат исцелителска моќ поради росата – ‘живата вода’ која ја остават зад себе самовилите. Обредите сврзани со исцелување најчесто биле наменети на менталните заболувања кои се најчесто сметале како последица на случајна средба или вознемирување на самовилите или нивните поседи или пак како причина се сметало и непочитување на обредните елементи канонизирани со прослава на русална недела.
Во пловдивско (Бугарија) постоела русална задушница кога се давала храната за починатите. Во Србија исто така постои раздавање на храната со спомнување на имињата на починатите, но и носење на знаме на кое се испишани имиња на сите починати во таа година.
Во селото Дубоко и околниот крај, во Србија, пред пештерата за која се верувало дека претставува живеалиште на самовилите и некои други хтонски битија се изведувала оргијатска прослава при која жените паѓале во длабок занес и обредно се буделе со попрскување на вода која истекувала од пештерата.. Во селата одалечени од пештерата овој обред се изведувал на раскрсници или извори. Обредот се правел пред пештера на Тодорова сабота, а сега на првиот крстопат, ден од Духови. Се смета дека овие обреди припаѓале на автохтоното население од тоа подрачје. Според некои истражувањи кои се повикуваат на Еврипидови баханалии тоа е дел од култниот оргијазам каде жените имале важна улога. Името росуље пак се доведуваат со римската прослава на денот на розите. Но со паганската вера на словените се доведува според хтонски карактер, и со празнување на самовилинските денови. Најраширено е верување дека е во основата култот кон претците.
– од Речник на јужнословенска митологија, 2004, Издавачки центар Три, Скопје.
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *