Македонија

Децата на Луцифер

Третиот рајх собира знаења од различни извори, кои понекогаш се противречни меѓу себе. Но меѓу сите нив има нешто заедничко – сите тие припаѓаат кон окултните и езотеричните науки.
Традиционалниот интерес кон таквите учења ја создава т.н. алтернативна историја, т.е. историја, која или чекори паралелно со официјалната или сосема ја негира општоприфатената концепција. Таа често е поврзана со дејноста на различни тајни друштва.
За опкружување на Хитлер најинтересни се мистичните теории на чилеанскиот автор Мигел Серано, во областа на древната историја. Тој објавува сопствена верзија за еволуцијата на човештвото, која е слична на идеите истакнати од Рене Геном и Елена Блаватска. Актерите во тој процес се раси, кои, според описот, многу личат на Хиперборејците и на веќе постојните Аријци.
Серано е дипломат и писател. Тој станува познат благодарение на тоа што ги пишува биографиите на своите блиски пријатели Херман Хесе и Карл Густав Јунг. Има, исто така, и уметнички трудови.
Во текот на поголемиот дел од својот живот, овој човек е амбасадор на Чиле во Индија, во Бугарија и во Австрија. Дипломатскиот статус и карактерот на неговата работа бараат од него големо изучување на културата на земјите во кои престојува. И бидејќи Мигел Серано има солидно мистично искуство, се занимава и со окултни истражувања.
Освен него, и еден друг дипломат оставил траги во езотеричната наука. Тоа е романскиот окултист Гетикус, автор на книгата „Дакија хиперборејска“, за географијата на светите и мистични места значајни за Романија. Во овој круг припаѓа и се нарекува себеси Фризи, што нé упатува на Фреја – божицата на убавината кај северните народи, чиј симбол е истата ѕвезда, како и на грчката Афродита. Латинските племиња се нарекуваат Венети, според името на веќе споменатата Венера.
Под влијание на антисемитските идеи, Серано големите ги идентификува со претставници на еврејскиот народ. Сите останати тој ги вбројува кон адамитите, кои го составуваат непросветеното мнозинство од населението на Земјата.
Секоја историска цивилизација од минатото носи во себе траги од таа поделба. Според зборовите на авторот на концепцијата, секогаш постоела каста на кралевите жреци, на смелите воини и херои, под чија маска се кријат луциферитите. На потомците на Адам им се паѓа скромната улога на работниците и на трговците, кои го поминуваат својот живот без да знаат за заткулисната борба што се води. Големите стануваат бунтовници, уништувачи на вредностите и на темелите на цивилизацијата. Понекогаш тие доаѓаат на власт и се претвораат во прогонувачи на победените Венерини деца, уништувајќи ги безмилосно, според волјата на својот создавач.
Претставниците на прата каста се стремат да создадат држава заснована врз принципите на космичката етика. Тоа ќе им овозможи да направат пробив во „концентрационата вселена“ и да ги ослободат постоењето на Земјата од заробеништвото на гравитацијата и Сатурн, кој ги олицетворува просторот и времето. Т.е. кажано попросто, да ги разбудат нивните заспани души да ги отфрлат лагите на Демиург.
Серан смета дека сите огромни градби – египетски пирамиди, Стоунхенџ, скалестите пирамиди во Латинска Америка и др. – се создадени со таква цел. Но многубројните обиди пропаѓаат поради уништувачката дејност на големите и на нивните сојузници од групата на порочните Адамови потомци и на „белите предавници“ – паднатите ангели кои поминале на страната на непријателот.
По секој неуспех, Аријците треба одново да го почнат своето дело. Така, тие сé повеќе и повеќе „пропаѓаат“.
Во реалноста и се олицетворуваат со тркалото на прераѓањето. Постепено, нивната енергија се исцрпува, а тие нема од каде да црпат нова енергија – никој не може да се провлече низ „превезот на Маите“.
Во склад со положбата на ѕвездите, кои го навестуваат почетокот на новите епохи, луциферитите создаваат мистични и религиозни системи, најповолни за такви времиња. Но слугите на Демиург ги изопачуваат сите нив, внесувајќи елемент на слабост и насочувајќи ги нивните следбеници на погрешен пат, кој на крајот води до разочарување.
Последен обид за тоа е создавањето на религијата Криста- Балдра од страна на Аријците. Како што тврди Серано, името на сакралниот херој е намерно изменето во „Христос“. Од „нордиското христијанство“, кое треба да стане оружје против Демиург, тоа се претвора во оружје насочено веќе против нордискиот народ. Токму под закрилата на така изменетото учење, се уништени и последните остатоци од приврзаниците на култот кон Балдра на северот.
Според авторот на концепцијата, промената на името на херојот историски се потврдува од тоа дека секогаш постоеле две гранки на христијанството – општоприфатената, која Серано ја смета за изопачена и езотеричната, која го чува вистинскиот дух на нордиската мистика. Само што првата постојано се стреми да ја уништи втората, прогласувајќи ја за ерес. На тој начин, од лицето на земјата се избришани ранохристијанските гностици, катарите, хистерионите и албигензите.
Вакви настани не се случуваат само на територијата на Европа. Серано тврди дека една друга струја на ариевската мудрост – хиндуизмот – исто така е подложена на напади од страна на големите. Во Индија, во улога на фалсификатор, влегува древната еврејска колонија Бен – Израел. Нејзините агенти, според Серано се претставници на традицијата адвајта – веданта, вклучувајќи го и нејзиниот основач Шри Шанкару.
Заради својата светост, приврзаниците на овој човек го сметаат за олицетворение на Вишну. Тој има улога на реформатор на хиндуизмот, што го прави неприфатлив во очите на ортодоксните верници. Раскажуваат дека кога треба да ја погребе својата мајка, роднините не му даваат ритуален оган, а претставниците на раководната каста, свештениците брамани, одбиваат да ја споредат вообичаената церемонија. Тогаш, тој создава пламен од својата рака и самиот го извршува обредот на кремацијата.Децата на Луцифер

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *