Македонија

Наум Туфекчиев

Наум Туфекчиев е роден во шеесетите години на 19 век во Ресен.Точни податоци околу неговото раѓање сеуште не се пронајдени.Тој бил член на македонското револуционерно движење.Бил член на Младата македонска книжевна дружина,Братски сојуз и Врховниот(македонски комитет).Туфекчиев важи за еден од најголемите ликвидатори на видни политички фигури во крајот на 19 век и почеток на 20 век.Во март 1891 година го потготвувал атентатот на бугарскиот премиер Стефан Стамболов.заедно со негови соистомисленици.Но во овој заговорнички акт настрадал министерот за финансии Христо Белчев.Во содејство со руските власти го потготвува атентатот на бугарскиот дипломат во Цариград во февруари 1892 година.
Туфекчиев бил познат трговец и со оружје,и еден најбогатите припадници на македонското револуционерно движење.Веќе во 1894 влегува во Братскиот сојуз заедно со Тома Карајовов,Трајко Китинчев,Андреј Љапчев,и др.Во периодот додека го води Македонскиот комитет во Софија,Туфекчиев одржува врски со бугарските власти,кои му давале подршка во време на расколот во самиот Македонски комитет.Туфекчиев имал бомболеарница во Софија,со која ја снабдувал МРО во Македонија.Наум Туфекчиев бил организатор на најбруталното убиство(атентат) во Бугарија на Стефан Стамболов од 6 јули 1895 година.Во периодот межу 1900-1915 Туфекчиев е вмешан во разни афери со нелегална продажба на оружје,заговори за киднапирања,соработка со турската тајна полиција.Наум Туфекчеив бил убиен во Софија  во Софија на 25 февруари 1916 година.
Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *