Превземено

Мозочните хемисфери во текот на учењето

Мозокот се состои од две половини поврзани со сплет од влакна.

Секоја страна на телото комуницира со спротивната хемисфера: левата страна на телото со десната хемисфера, а десната страна на телото со левата хемисфера.
Способноста на одредени делови на мозокот да вршат единствени функции се вика специјализација, а ако активноста воглавно е ограничена на една хемисфера, се нарекува латерализација.
Левата и десната хемисфера се здружени за различни функции, односно ги обработуваат информациите на различни начини. Левата ги процесира информациите на рационален и аналитички, задоена е за говор, ги разбира буквално значењата на зборовите, препознава букви и зборови, регистрира време и  секвенци, изведува едноставни аритметички пресметки, имал удел во созадавањето лажно сеќавање, бара објаснување зошто нешто се случило и подобра е во насочувањето на вниманието и обработка на надворешните дразби.
Десната хемисфера ги процесира информациите повеќе на холистички (како целина) начин и апстрактно, го интерпретира јазикот низ гестови, изразите на лицето и говорот на телото, регистрира простор, обавува релациски и математички операции, поточна е во присеќавањето, задолжена е за боите, за препознавање на лица, места, објекти и музика, ги става настаните во просторен контекст, подобра е во внатрешното процесирање.. Кај некои луќе сите овие функции се сместени обратно.
Интересно е дека левата хемисфета има повеќе сиви твари, а десната има повеќе бели твари (да видам во речник што значи твар). Изгледа дека неуроните на левата хемисфера се поцврсто спакувани и подобри се во обработката на поинтеензивни и детални активности. Белата твар на десната хемисфера содржи неурони со подолги аксиони кои може да се поврзат со пооддалечени склопови. Информациите од двете хемисфери се поврзуваат праќајќи сигнали преку corpus callosuma. До појавата на специјализацијата двете хемисферицги содржат сите функции. Брзината на специјализацијата е индивидуална, но во просек во десната половина дендртитите најсилно настануваат помеѓу четвртата и седмата година, а во левата помеѓу седмата и деветата година. Обично специјализацијата на хемисферите завршува помеѓу деветтата и дванаесеттата година. Во оваа фаза на развој битно да се поттикнува активација и користење на двете хемисфери затоа што така се создаваат повеќе дендртиски врски кои се протегаат преку corpus callosum и mijeliniziraju, што пак овозможува брзо процесирање помеѓу двете хемисфери и останатите делови на мозокот.
Иако секоја од хемисферите е задолжена за одредени финкции во обработката на информациите и мислења, така што функциите ретко се врзани исклучиво за само една хемисфера. Веројатно двете хемисфери ќе бидат вклучени дури и при наједноставните задачи. Многу задачи може да ги изведува и едната и другата хемисфера, но една од нив ќе биде подобра од другата притоа. Постои складност на хемисферите во функциите и се надополнуваат скоро во сите функции.
Поврзувањето на хемисферите на поединецот му овозможува подобро разбирање на која било информација што ја обработувал. Логиката не е ограничена на левата хемисфера; креативноста, интуицијата и обработката на музиката не се ограничени само на десната хемисфера. Двете хемисфери се способни за синтеза, односно за поврзување на информациите во смислена целина. Сепак, повеќето луѓе имаат доминантна една хемисфера, што влијае на особеноста, на способноста и на стилот на учење. Хемисферната доминација во голема мерка е работа на начинот на обработка. Луѓето со јака но спротивна хемисферна доминација своите светови ќе ги интерпретираат различно. Луѓето со изразена  доминација на левата хемисфера се поречити, поаналитични и поспретни при решавање проблеми. А оние со доминантна десна хемисфера добро цртаат и сликаат, добри се во математика и подобро се снаоѓаат во светот на сликите отколку на сликите. Кога обавуваме едноставен проблем, повеќе се користиме со онаа хемисфера која е задолжена за негово решавање.  А кога имаме сложена задача, водството ќе го преземе доминатната хемисфера, но и другата ќе придонесува на свој специјализиран начин.
Многумина мислат погрешно дека хемисферната доминација е директно поврзана со доминантната рака или со доминатната латерализација. Факт е дека на голем број поединци со доминантна десна хемисфера им доминира левата рака отколку десната. Но, не е утврдена никаква директна врска помеѓу едното и другото, па затоа е погрешно да претпоставуваме дека деснораките имаат доминантна лева хемисфера и обратно. Доминатната рака се одредува кај фетусот уште до 15 недела од бременоста. И покрај сите современи средства за истражување, уште не се знае што е за тоа одлучувачко.
Во текот на учењето ангажирани се двете хемисфери, процесирајќи ги информациите во склад со својата специјализација и разменувајќи информации со спротивната хемисфера преку corpus callosum. Потполно развиениот corpus callosum пренесува неколку милијарди пораки во секунда. Колку повеќе ги вклучуваме две хемисфери, толку подобро ќе ја завршиме работата, исто како што топката подобро ја фаќаме со двете раце отколку со едната.
За да зборуваме течно некој јазик, ни требаат зборови, изговор и структура од левата хемисфера, и слика, интонација и чувство од десната хемисфера.
Така е со сите задачи; колку е подобра поврзаноста на хемисферите толку подобро ќе биде завршена работата и подобро ќе запомниме.
извор: Иноптимум

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *