Македонија

Мистичното друштво "Туле"

Во оваа глава ќе стане збор за дејноста на една од највлијателните окултни организации во нацистичка Германија – друштво „Туле“. Неговата позиција е навистина уникатна: од една страна, тоа е продолжувач на идеите на Германенорден, кој ги имал собрано во себе сите струи на нацистичка мистика. Од друга страна, преку Хаусхофен, Зеботендорф и Екарт, тоа ги прифаќа доктрините на тајните учења на Блискиот и на Далечниот Исток.
Најголем број од неговите членовите влегуваат во составот на раководството на Третиот рајх. Во неговите тајни се посветени, на пример Хес – личниот секретар на фирерот, Алфред Розенберг- официјалниот идеолог на рајхот, Хилмер – шефот на СС и, се разбира, самиот Адолф Хитлер. Знаењата добиени од нив ќе ја определат не само културата на Германија, туку и нејзината политика.
Токму во него е применета една од најраспостранетите и најефикасни шеми за дејствување на тајните редови. На чело стојат верните приврзаници на идејата, кои им се потчинуваат на маговите што остануваат во сенка. Според нив, тие успеваат да откријат духовна врска со предците на Аријците – „вишите непознати“.
Официјален основач на друштвото „Туле“ е баронот Рудолф фон Зеботендорф. Тој е син на обичен пруски работник. Неговото вистинско име е Рудолф Глауер, но подоцна тој го менува со попривлечно име кое, згора на тоа, поседува и мистична смисла.
Во младоста, тој поминува многу време во поморски патувања. Се разбира, не како патник во првата класа, туку како помошник на огнарот. Но тоа не му пречи да го посети Египет и да помине многу време во изучување на културите на древните земји.
Кога стигнува до Турција, тој е освоен од нејзината убавина. Почнува да го учи јазикот и да се занимава со своето образование. Набрзо, тој е сериозно пасиониран од окултизмот. Неговиот станодавец, Хусеин Паша, е мошне запознат со мистиката на суфизмот и често разговара со Глауер на тие теми. Суфизмот – мистично учење во исламот – претставува комбинација меѓу езотеричното учење за Бога и создавањето на светот со посебна аскетска практика. Претставниците на ова движење се мудреци и светци за муслиманскиот свет.
Во Турција, тој се запознава и со богатото еврејско семејство Термуди. Таткото на ова семејство им препушта сé на своите деца и целосно му се посветува на светот на кабалистичката мистика. Освен тоа, тој е пасиониран колекционер на текстови поврзани со розенкројцерите и со алхемијата и поседува мошне голема библиотека со езотични книги.
Под раководство на овој човек, Глауер ја изучува кабалата. По смртта на својот учител, тој ја добива во наследство целата негова библиотека и со зголемен интерес продолжува да се занимава со мистика.
Една од книгите за тајните исламски култови содржи ракописни белешки од неговиот поранешен станодавец Хусеин Паша. Во нив има знаци кои личат на рунските, што пак го тера идниот барон на помислата за заедничките ариевски корени на овие религии.
За неговата понатамошна дејност не се знае речиси ништо. Патува многу меѓу Турција и Германија. Во 1910 година е посветен во тајната масонска ложа во Бурса, а подоцна основа и свој сопствен ред. Поголемиот дел од слободното време Глауер го посветува на истражување на турските окултни секти поврзани со европското франмасонство.
Бидејќи е освоен од окултните идеи, неможе да не и посвети внимание на појавата на германскиот барон Зеботендорф фон дер Роза во Турција. Според Глауер, неговото име посочува на розенкројцерската традиција. Набрзо по нивната средба тој е посвоен од баронот, според тамошните закони и ја добива неговата титула.
Историјата на тоа семејство е богато со воени подвизи и со успеси во сферата на државната служба. Добиваат рицарско звање уште за време на императорот Ото Втори, на крајот од првиот милениум. На нивниот семеен грб е претставено гранче од канела, која Глауер ја пренесува и на својот штит, откако станува барон Рудолф фон Зеботендорф.
Понатаму, тој е познат под новото име. Но и овде не поминува без скандали. Имено, мнозина се чудат зошто еден член на толку познато семејство му ја предава титулата на еден никому непознат човек, згора на тоа е дојденец од друга земја. Се појавуваат верзии дека за тоа е направена магија од страна на младиот наследник.
Рудолф е принуден да бара начини за да го потврди своето германско потекло. Еден негов пријател му покажа брошура на Германенорден во која се повикуваат сите вистински синови и ќерки на општеството да влезат во таа организација, Рудолф решава дека таму можат да му помогнат.
Можно е неговото внимание да било привлечно до три руни напишани на самиот крај на брошурата. Меѓу раководителите на редот тој го среќава Херман Пол и тие двајцата разговараат за древната писменост. За време на тие разговори, и двајцата сфаќаат дека се интересираат за мистична мисла на знаци, изгубена за потомците.
Но токму тие моменти се едни од најнеповолните за Германенорден. Наскоро, тој се распаѓа, а врската со многу од неговите членовите се губи. Пол и Зеботендорф имаат идеја да ја обноват организацијата. Баротно обезбедува финансиска поддршка за движењето, па дури и издава списание наречено „Руни“. На едно од собранијата, во 1918 година, тој е свечено посветен во мајстор на баварскиот клон на Германенорден.
Тој стигнува толку далеку во реформирањето на организацијата што, на крајот, решава да се откаже од идејата за широко општествено движење. Повеќе го привлекува идејата за мало тајно друштво со мал круг посветени. Токму такво друштво е создадено во 1918 година, како филијала на редот. Тоа е наречено „Туле“.
Името му е избрано како алузија за митската зема Туле, споменувана во германските и во римските преданија. Таа се наоѓа на север и е центар на исчезнатата арманистичка култура. Ја олицетворуваат, исто така, и со Атлантида, потоната по една космичка катаклизма.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *