избор

Метох – документарен филм

Дваесетминутниот документарец е сниман во македонските манастири „Св. Јован Крстител”, познат како Бигорски манастир и во женскиот манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец” во Рајчица, покрај Дебар. Терминот „метох” означува имот во владение на некој манастир, а манастирот во Рајчица, каде е снимен најголем дел од филмот, е метох на бигорскиот манастир. Филмот прикажува дел од секојдневието на македонската монашка заедница и мотивите кои инспирирале некои од нејзините членови да ја донесат одлуката за замонашување. „Метох” зборува за радоста, едноставноста и за љубовта кон Бога.
Режија: Стојан Вујичиќ;
Сценарио: Наташа Бунтеска;
Продуцент: Огнен Антов;
Директор на фотографија: Емил Јовановски.
Езоп продукција
Дрим Фактори продукција

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *