изборПревземено

"Иднината ја гледам како на филм"

Биоенергетичарот Ѓорѓи Филев повеќе од 20 години лекува воспалени синуси, болки во стомакот, парализи, мултиплекс склероза, бенигни и малигни заболувања, психички заболувања, оштетен слух и вид, разни зависности, заболувања на органите за дишење, стерилитет и друго. Работи по лекарска дијагноза, но вели дека може и телепатски да го осети болното место и оти може да ги лекува пациентите без оглед каде се наоѓаат – во друг град или континент, бидејќи за него не постојат време и простор. Смета дека луѓето треба да се лекуваат со биоенергија веднаш штом ќе ги почувствуваат првите симптоми, пред да се развие болеста.
Филев од дете имал способност да влијае врз луѓето. Кога се сретнал со видовитата Ванѓа во Бугарија, таа му рекла оти има моќ да исцелува и ако не го направи тоа, ќе ги загуби рацете. Набргу потоа загубил дел од палецот. Ја напуштил работата како автомеханичар и почнал да лекува. Добил повеќе од 25.000 писма од излекувани пациенти. Учествувал на семинари, конгреси, собири и симпозиуми за алтернативна медицина во поранешна СФРЈ.
– Сакам да запознавам луѓе што ја проучуваат и ја доживуваат биоенергијата како наука. Ме викаа да предавам во многу земји, каде што ја испитуваа мојата моќ. Ме затвораа по два дена без храна, сакаа да најдат нешто во мене – вели Филев.
Тој сака во Македонија да се отвори центар за алтернативна медицина, зашто некои болни не можат да се лекуваат дома, бидејќи е потребен медицински третман.
Филев вели дека може да види и да прогнозира идни настани.
– Нештата ги гледам како на филм. Ги гледам тагата и болката на луѓето. – вели тој.
сабота, 18 март 2006
Дневник
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.