Масонски Мозаик

Масонските знаци се насекаде околу нас

Ако ја погледнеме на пример автомобилската индустрија лесно се забележува масонскиот дизајн на препознатливиот знак на “Цитроен” со два шестара свртени надолу, “Рено” со ромбоид, “Мерцедес” со рамнострани триаголници сместени во круг, а името пак на италијанскиот “Фиат” не значи ништо друго туку употреба на првиот збор од масонската изрека “Фиат Лукс” или нека биде светлина”. Слични коментари се можни и за светски препознатливиот симбол на организацијата на “Црвениот крст” кој е стилизација на темпларскиот симбол на “Редот на Хоспиталците” од Ерусалим
Вечен интерес привлекуваат и толкувањата врзани со изгледот на најпознатата банкнота во светот – американскиот еден долар. На грбот на банкнотата, од левата страна се наоѓа масонската” пирамида со 13 редови цигли на чиј недовршен врв се наоѓа окото што гледа се”. Недовршената пирамида симболично потсетува дека животниот пат на луѓето е поврзан со природното тежнение за усовршување и реализирање на полните човекови потенцијали и дека тоа е засекогаш недовршена работа”, или пак како потсетник на се уште некомплетираната структура на САД за чие исполнување треба да се вложи уште многу работа и труд. Со оглед на фактот дека оваа банкнота е дизајнирана кон крајот на 18 век, незавршената пирамида има 13 нивоа кои всушност ги симболизираат тринаесетте држави кои во тој период припаѓале на САД. Гледано од овој контекст и окото што гледа се”, кое и покрај фактот дека често се користи, сепак не е оригинален масонски симбол и тука е само за да им укаже на американските граѓани дека треба да се потпрат на божественото” насочување во континуираната изградба на нивната држава. На десната страна е американскиот грб – орел со штит на кој има 13 линии. Во десната канџа орелот има гранка од багрем (светото дрво на Масонеријата) со 13 листови, а во левата 13 цветови. Внимание привлекува и масонското мото “Novus Ordo Seculorum” кое наводно по едни аналитичари укажува на тежнението кон новата планетарна империја под доларска хегемонија”. Но оваа порака Novus Ordo Seculorum” може да се интерпретира и многу побенигно, како потстрек и доза на оптимизам за да се продолжи со развојот и усовршувањето на демократското уредување на новата држава.
Масонеријата провокативно привлекува и со користењето на криптографијата, т.е. пишувањето и користење на шифрирани пораки со кодирано – метафорично и алегориско значење, загадочни игри на посебни бројки, симболи и геометриски форми, кои сите (нели) се умно конструирани за да се пренесат масонските тајни” разбрани само од добро упатените. Масоните креирале комплексни дијаграми често поврзани со фасцинантни историски легенди, но и со космички референци или пак масонски претставени супститути на бројки и букви, презентирани во облик на загадочни скици полни со скриена симболика и езотерично значење. Во времето на Питагора воспоставената традиција за нумерологијата, го означувала бројот 33 како највисок или најзначаен од сите Големи броеви”. Тоа била најсветата бројка која ја симболизирала Божествената вистина”. Таа мистична традиција продолжила да живее низ вековите со Масоните… можеби тоа е и објаснувањето зошто во The Scottish Right, 33-от е највисок степен. Одејќи понатаму можеме да се запрашаме дали се само обична коинциденција убедувањата кај христијаните дека Исус бил распнат на крстот кога бил на 33-годишна возраст или пак верувањето дека Исус успеал да направи 33 мистериозни чуда”; дека во исламската религија сите кои заслужиле да бидат во рајот” биле перманентно на 33-годишна возраст…
МАСОНСКИ АВТОМОБИЛСКИ ЗНАЦИ
Голем број од слободно-масонските симболи можеме во стилизирана форма да ги препознаеме насекаде околу нас. Ако ја погледнеме на пример автомобилската индустрија лесно се забележува масонскиот дизајн на препознатливиот знак на Цитроен” со два шестара свртени надолу, Рено” со ромбоид, Мерцедес” со рамнострани триаголници сместени во круг, а името пак на италијанскиот Фиат” не значи ништо друго туку употреба на првиот збор од масонската изрека Фиат Лукс” или нека биде светлина”. Зошто токму така го нарекол својот прв модел дедото на познатото масонско семејство Ангели од италијанскиот град Торино. Слични коментари се можни и за светски препознатливиот симбол на организацијата на Црвениот крст” кој е стилизација на темпларскиот симбол на Редот на Хоспиталците” од Ерусалем, или пак за познатото лого на знамето на Олимписките игри каде впечатливите олимписки кругови ги претставуваат алките на масонскиот ланец со базичните масонски бои. Погледајте ги само стилизираните масонски симболи на корпоративното лого на брендираните производители на скии како “Volkl” – со шестарот и аголникот, или пак Фишер” – со рамностраните триаголници… Обични случајности, езотерични пораки, игри на фантазијата, или … !?
КАЛЕНДАРОТ НА МАСОНИТЕ
Веројатно доколку сте имале можност да погледате барем фотографија од некој оригинален документ издаден од легитимен слободно-масонски Ред, сте го забележале и чудното обележување на календарските години, кое отстапува прилично од редовното или профаното. Всушност постојат неколку различни календарски обележувања на годините, поврзани со различните Редови”, а во зависност од тоа која година ја третираат за нулта година”, односно годината од која почнува да се смета времето. Тоа е по правило поврзано со некој (за нив) значаен настан, па така за мнозинството Слободни Масони тоа е моментот на создавање на светот” или 4.000 години пред Исус Христос. Доколку дојдете во допир со некои од формалните масонски документи продуцирани за време на консекрирањето на историски првата Голема Ложа на Македонија (реално во 2005 год.) ќе забележите дека е отпечатена и 6005 год., во склад со овој древен масонски календар – “Anno Lucis” (А.Л.) или “во годината на светлината”. Шкотскиот “Ред” исто така ја користи годината на создавање на светот, но по еврејската хронологија – “Anno Mundi” (А.М.) или “во годината на светот”, при што се додаваат 3.760 години на современата ера. “Кралскиот Свод” или “Royal Arch” календарски пресметува од годината кога е започнато создавањето на вториот Храм на Царот Соломон – “Anno Inventionis” (А.И.) или “во годината на пронаоѓање”, при што се додаваат 530 години на современата ера. Редот на “Royal and Select Masters” смета од годината во која Соломоновиот Храм бил завршен – “Anno Depositionisс” (А.Деп.) или “годината на комплетирање” при што се додаваат 1.000 години на современата ера. Како последен ќе ви го посочам примерот со “Витезите Темплари” или “Knights Templar” кои сметаат од годината во која е создаден нивниот витешки Ред – “Anno Ordinis” (А.О.) или “во годината на Редот” при што се одземаат 1.118 години од современата ера.
ВЕЧЕР пренесува дел од книгата на Живко Груевски, првиот современ македонски Масон кој јавно се произнесе дека е она што е. Издавач на делото е “Култура”

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *