Масонски Мозаик

Хитлер: Масоните им подлегнаа на Евреите

Адолф Хитлер во “Мојата борба” пишува дека Масоните сосема им подлегнале на влијанието и целите на Евреите и со тоа станале само инструмент за постигнување на нивните цели. Всушност, веднаш по доаѓањето на Хитлер на власт во 1933 год., неговиот главен помошник Херман Геринг го информирал Големиот Мајстор на Големата Ложа на Германија дека во нацистичка Германија нема место за Слободната Масонерија. Во тоа време, во Германија имало девет регионални Големи Ложи со членство од околу 80.000 Слободни Масони.
Во првата половина на 20-от век, историјата на Европа бележи силна негативна кампања, прогонувања и терор за Слободните Масони од страна на исклучивите идеологии и режими на фашизмот, нацизмот и комунизмот. Така и обновената монархија, односно Кралството на Унгарија (1920 год.) претставувано од Миклош Хорти, било запаметено како период на бел терор” насочен и кон Слободната Масонерија. Армијата ги одземала зградите, ги уништувала масонските библиотеки, архиви, регалијата во Ложите и уметничките дела. Режимот на Хорти со декрет од 1920 год. ја прогласил Организацијата за незаконска. Во Германија пак, генералот Ерих вон Лудендорф ((херој” од Првата Светска Војна), во текот на декадата од 1920-те агресивно ширел антимасонска пропаганда. Адолф Хитлер во Мојата борба” пишува дека Масоните сосема им подлегнале на влијанието и целите на Евреите и со тоа станале само инструмент за постигнување на нивните цели. Всушност, веднаш по доаѓањето на Хитлер на власт во 1933 год., неговиот главен помошник Херман Геринг го информирал Големиот Мајстор на Големата Ложа на Германија дека во нацистичка Германија нема место за Слободната Масонерија. Во тоа време, во Германија имало девет регионални Големи Ложи со членство од околу 80.000 Слободни Масони. Судот на нацистичката партија во Берлин издал декрет со кој целосно се забранува членство на Слободни Масони во партијата, државните органи и армиските офицери. Така, на 8-ми август 1935 год. нацистичкиот весник “Voelkischer Beobachter” ја објавил финалната одлука за целосно разединување и распуштање на сите масонски Ложи во Германија.
АТЕНТАТОТ НА ФРАНЦ ФЕРДИНАНД
Во медиумската кампања, Слободните Масони биле обвинувани дури и за атентатот на војводата Франц Фердинанд во Сараево (1914 год.), што било иницијална каписла за Првата Светска Војна. Нацистичките пропаганди постојано алармирале за еврејско-масонска светска конспирација”, а шефот на нацистичкото министерство за информации Јозеф Гебелс зборувал дека демократиите биле управувани од слободно-масонските заговорници”. Во 1937 год. многу видни, високи офицери и членови на масонските Ложи биле испратени во концентрационите логори, а тајната полиција Гестапо ги запленила архивите и податоците за членството. Кога нацистите вмарширале во Австрија (12-ти март 1938 год.) Гестапо го конфискувал целиот имот на Големата Ложа во Виена и го затвориле Големиот Мајстор Др. Ричард Шлезингер. Во март 1939 год. при преземањето на Чехословачка, 4.000 Слободни Масони биле уапсени и многу од нив биле упатени во концентрационите логори. Помалку од пет проценти од чешките Слободни Масони успеале да пребегнат во Англија каде ја формирале “Grand Lodge Comenius”, во егзил.
МУСОЛИНИ 
Во Италија пак, во февруари 1923 год. Бенито Мусолини и неговиот Голем Фашистички Собор”, објавиле декрет со кој се барало сите фашисти” кои биле и Слободни Масони, да изберат и да се одлучат помеѓу Масонеријата и Фашизмот. Мусолини во едно свое интервју од 1925 год. вели дека додека Слободната Масонерија во Англија, Америка и Германија била филантропска и добродетелска организација, италијанската Масонерија била нагласено политичка”, а нејзиното членство имало улога на француски и англиски агенти кои се спротивставуваат на режимот во Италија. Проминентни Масони биле тероризирани и убивани, а Мусолини и неговите црни кошули” целосно го забраниле постоењето на организацијата протерувајќи го Големиот Мајстор Комизио Ториџиани. Кога се анализираат овие состојби во Италија, несомнено сосема прифатлив е генералниот заклучок дека се работи за брутална политичка активност” фокусирана кон потиснување на Слободната Масонерија која била посочена како еден од највлијателните внатрешни непријатели” на Фашизмот, во нивниот незапирлив поход да ја наметнат својата моќ. Во современиве времиња, интересно е да се согледа и ставот на Големиот Мајстор на Регуларната Голема Ложа на Италија” објавен во магазинот “Freemasonry Today” издание бр. 51, зима 2009 година, каде тој презентира додатни елементи кои укажуваат и нудат објаснение за потеклото и причините за ваквиот брутален конфликт на Фашизмот со Слободната Масонерија во првата половина од 20-от век. Имено, тој констатира дека во тој период во Италија преовладувачка перцепција кај мнозинството, и за двете групации, било дека се тоа модерни идеологии” или квази религии” кои имаат задача да создадат нов тип на италијанска нација”. Оттука, во посредна смисла, конфликтот помеѓу Фашизмот и Слободната Масонерија може условно да се формулира и како религиозна војна” иницирана од новата квази фашистичка религија”. Тој нагласува дека доколку погледнеме назад во историјата на Италија (во тој временски период), не може едноставно и јасно да се заклучи дека италијанската Слободна Масонерија од самиот почеток била изразена пречка за развојот на Фашизмот.
Сосема спротивно, дел од историчарите тврдат дека, за жал, Слободната Масонерија во почетоците на Фашизмот имала дури позитивен и поддржувачки став. Кога во јуни 1919 година лидерите на Големиот Ориент на Италија се сретнале во Палатата на правдата” во Рим за да го инсталираат Големиот Мајстор – Домизио Ториџиани, присутните масонски офицери манифестирале отворени симпатии за новото фашистичко движење. Факт е дека во оваа рана фаза” немало никаков видлив конфликт помеѓу Слободната Масонерија и Фашизмот. Конфликтниот антагонизам станал видлив нешто подоцна, кога евидентно, фашистичкото идеолошко движење се трансформирало во брутален фашистички режим кој методично ги прогонувал и егзекутирал италијанските Слободни Масони.
ДУЧЕ И МАСОНИТЕ
Тоталитарната држава и френетичниот култ кон “Il Duce” креирал нов мит за создавање на нова италијанска цивилизација” проследена со впечатлива иконографија и симболика на оваа нова политичка идеологија или квази религија”. Со тоа всушност станало неизбежно веќе етаблираните кодови на однесување, ритуалите и симболиката на Слободната Масонерија, да станат сосема неприфатлива конкуренција” на Фашизмот. Фашистичката квази религија” станала моќна алатка во рацете на политичката елита во Италија, го наметнала својот култ” на огромен дел од граѓанството и манифестирала отворена нетолерантност за постоење и егзистирање на какви и да се конкурентни култови” како Слободната Масонерија и Слободните Масони кои одбивале да се преобратат. Тоталитаризмот на Фашизмот со сите средства се обидувал да го моделира човечкиот материјал, масите и да им ја одземе слободата на индивидуите, целосно да ги обезличи, што е во дијаметрална спротивност со базичните принципи на Слободната Масонерија (како слобода и братска љубов”). Ваквите состојби довеле до тоа Слободната Масонерија веќе драматично да го доживува Фашизмот како брутален инструмент во рацете на црквата и радикалните националисти, а не како автохтона идеологија. Големиот Мајстор, во споменатата статија од 2009 год., заклучува дека ваквото разбирање било за жал сосема погрешна процена во почетокот, за тоа што всушност претставува Фашизмот за Италија. Во тој смисла Слободната Масонерија во Италија, според него, тогаш ја пропуштила историската можност да одигра голема улога како последен одбранбен ѕид за цивилното општество и демократијата, против тоталитаризмот!
ВЕЧЕР пренесува дел од книгата на Живко Груевски, првиот современ македонски Масон кој јавно се произнесе дека е она што е. Издавач на делото е “Култура”

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *