Масонски Мозаик

И Тито бил Масон!?

Некои теоретичари тврдат дека англиската Слободна Масонерија го промовирала и го донела Јосип Броз – Тито на власт, формирајќи ја југословенската федерација како посебен “масонски проект”!? Други извори тврдат дека самиот Тито никогаш не бил инициран, но благодарение на “услугите” што Слободните Масони му ги направиле пред и за време на Втората Светска Војна, тој по 1945 година не ги прогонувал туку едноставно ги “игнорирал”
Генералот Франко во 1939 год. и официјално ја прогласил Масонеријата за надвор од законот и евентуалното членување како “криминално дело”. Францо останал забележан во масонските анали и со најбестијалниот чин кога по ликвидацијата им наредил на лекарите да извршат лоботомија на десетици черепи, бидејќи го интересирало што е тоа што Масоните имаат во главите што е толку посебно во однос на другите мажи!?
Во комунистичка Русија, Сталин од самите почетоци барал причини за пресметка со Масоните и во 1924 год. “Коминтерната” под закрила на т.н. “француско прашање”
најпрвин се пресметува со странските делегации, а веќе во 1928 год. ги прогонува преостанатите руски Масони, полнејќи ги затворите во Сибир. Дел од руските Слободни Масони избегале и се засолниле во емиграција, а оние кои останале, како Maxim Gorky и генералот Tukhachievsky биле или отруени или загинале во неразјаснети околности.
Во 1942 год. Адолф Хитлер изјавил дека “Слободните Масони, во сојуз со другите идеолошки непријатели на Национал-Социјализмот се креатори на актуелната војна…
Целокупната Слободна Масонерија е организација создадена и планирано распространета низ светот од страна на Англија, со крајна цел да се наметне, промовира и зајакне британската светска моќ и влијание.”
Во 1945 год. “Newsweek” објавил прилог во кој се констатира дека “Европската Слободна Масонерија во последните години била систематски и брутално прогонувана повеќе од било кога во нејзината изразено турбулентна историја. Мусолини ја забрани Слободната Масонерија во Италија 1925 год., а Хитлер ги распушти и разруши германските Ложи, како и Ложите во Чехословачка, Полска, Норвешка, Холандија, Белгија и Грција. Европските Слободни Масони беа прогонувани, мачени, убивани така што тие морале да преминат во тотална илегала или да пребегаат…”
ТИТОВА ЈУГОСЛАВИЈА
Гледано од овој историски контекст и “Титова Југославија” не била некаков посебен исклучок во односот кон Слободната Масонерија. Некои извори тврдат дека традиционално англиската Слободна Масонерија имала големо влијание преку кралската фамилија на Караѓорѓевиќ. Така некои теоретичари тврдат дека англиската Слободна Масонерија го промовирала и го донела Јосип Броз – Тито на власт, формирајќи ја југословенската федерација како посебен “масонски проект”!? Други извори тврдат дека самиот Тито никогаш не бил инициран, но благодарение на “услугите” што Слободните Масони му ги направиле пред и за време на Втората Светска Војна, тој по 1945 година не ги прогонувал туку едноставно ги “игнорирал”. Познато е дека најголемиот дел од неговите најблиски соработници-извонредни дипломати кои ја креирале меѓународната позиција на Југославија, биле проминентни Слободни Масони. Секако, има и такви тврдења кои укажуваат пак дека и Титовата власт всушност не ги оставила Слободните Масони на мир, односно конфискации, национализација, експропријација и други мерки биле остро применувани и кон нив како кон “класен непријател”. Интересно и можеби провокативно, но сепак повеќето аналитичари се согласуваат и со возбуда го дефинираат импресивниот собир на светските лидери и влијателни личности на церемонијата на Титовиот погреб во Белград, како “најголем слободно-масонски собир на 20-ти век”.
Една од најтрагичните судбини во втората половина на 20-ти век, ја доживеале Слободните Масони (иако далеку помалубројни) во Иран и во Алжир, а да не зборуваме за Ирак, каде што режимот на Садам Хуссеин веќе кон средината на 1970-те години ги анатемисал и целосно ги забранил. Од друга страна пак во Египет, Јордан и Мароко, Слободните Масони имаат генерално легализиран статус и уживаат дискретен респект во јавноста.
ЏЕК МЕВОСЕК МАСОН?
Забревтаните антимасонски кампањи веројатно го доживуваат својот врв на разорна негативна енергија вешто преточена во пишаниот збор, некаде во осумдесеттите години од минатиот век, со печатените дела на авторот Стивен Најт. Британскиот новинар Најт (роден во 1951 год.) навистина се издвојува по својата маестрална сугестивност во измислувањето и конструирањето на неговите антимасонски теории кои во форма на одлично продавани книги логично го привлекуваат и провоцираат интересот на јавноста, особено во Обединетото Кралство. Со нагласена намера да го “открие ѓаволското” во Масонеријата, тој со својата книга “Братство”, со добро конципирана сценска режија и темпирана пазарна динамика, продолжува успешно да ја поттикнува љубопитноста и “природната” потреба кај јавноста за “откривање” на светските конспирации, финансиски афери, корупциски скандали, убиства и слично. Всушност книгата “Братство” е некакво продолжување на антимасонската кампања на светската сцена, која тој ја започнал со својата претходна книга “Џек Мевосек – Конечно решение” каде тврди дека крвавите касапења на жртвите на серискиот убиец се всушност “прецизна примена на казните од ритуалните масонски заклетви”, така извлекувајќи заклучок дека тој (Мевосек) бил Масон, а главните полициски истражувачи (исто така Масони) ги прикривале наодите и доказите со цел да “согласно правилата на Братството” го заштитат својот Брат. Навистина монструозна шпекулација, но се согласувам и привлечно креирано сценарио за филмот “Убиство по одлука” во кој популарниот лик на истражувачот Шерлок Холмс, конечно ја решава мистеријата и ги “разоткрива виновните Масони”.
Замислете, после цели сто години “брилијантниот” Стивен Најт успева да ја “разоткрие вистината” и вистинските починители на дотогаш нерасветлените серија убиства на жени – есента 1888 год., на територијата на округот Њхитецхапел во источен Лондон. Градејќи ја својата приказна, тој пишува дека 24-годишниот внук на Кралицата Викторија, Принцот Алберт (исто така познат како Еди) станал татко на бебе родено од извесна Ени Кук, неписмена продавачка од католичка вероисповед. Наводно Принцот Алберт тајно се венчал со мајката на нивното дете, а сведок на чинот бил неговиот најдобар пријател, артистот Валтер Сикрет. Сикрет ангажирал жена-дадилка за да го чува “нелегитимното бебе со плава крв” со цел целосно да се затскрие податокот дека вториот по ред кандидат за тронот “се оженил и има дете со припадник на ниската класа – неписмена жена од католичка вероисповед”. Доколку таквата информација би протекла во јавноста, во зовриената политичка ситуација тоа би предизвикало голем скандал кој можел сериозно да и наштети на монархијата повлекувајќи ги доле и сите кои биле блиски, како и Слободните Масони на влијателни владеачки позиции. Во оваа сторија, дадилката, наводно, по извесно време се оддала на проституција и ја споделила оваа строго чувана “тајна” со други три проститутки, а тие заедно почнале да ја уценуваат и да и се закануваат на кралската фамилија, дека ќе ја објават вистината во јавност. Оваа провокативна теорија продолжува, наведувајќи дека британскиот Премиер сакајќи да ја елиминира ваквата сериозна закана од избивање на голема афера, се обратил за помош до кралскиот доктор Сер Вилијам Гул кој бил виден член на Слободната Масонерија. Сер Гул наводно одлучил дека единствен сигурен начин би бил тајно да се убијат сите вклучени жени, а во нивната елиминација да се потпре на своите верни Браќа-Масони. Токму затоа, верни на својата “масонска заклетва секогаш да си помагаат и да се поддржуваат помеѓу себе”, сторителот на убиствата никогаш не бил откриен од полициските истражители. Најт тврди дека Сер Чарлс Ворен, главниот началник на “Лондонската Метрополитен полиција”, намерно ги уништувал или прикривал евидентните докази од местата на злосторствата, затоа што и тој бил проминентен член на “Royal Arch Freemasonery”…
ВЕЧЕР пренесува дел од книгата на Живко Груевски, првиот современ македонски Масон кој јавно се произнесе дека е она што е. Издавач на делото е “Култура”

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *