КоментариПревземено

Достоинство или сервилност, прашање е сега

Нато интеграции

Достоинство или сервилност, прашање е сега

На времето, кога се формираше Јадранската група на земји кандидатки за влез во НАТО алијансата (Македонија, Хрватска и Албанија), тогашниот министер за одбрана Еленовски на своите PR советници, им прифати една имбецилна синтагма која гласеше – Во јато, кон НАТО!!! Ве молам… како во Развигорче или некој сличен комунистички весник за ступидизација на децата од најмала возраст.
превземено од ГЛАС
Со пријателите, коментирајќи ја “мудроста“ вткаена во овие неколку збора, не можевме, а да не заклучиме дека од ова нема ништо на арно да излезе. Имено, ако се поставите како недоветен, ќе бидете и третиран како недоветен. Пораката која ја праќате  е јасна – Ние сме имбецили и очекуваме така да се однесувате кон нас! На ова Натовци реагираат: – Во ред, немаме ништо против, штом така сакате, вашата желба за нас е заповед.
Денес, за жал гледаме како Премиерот Груевски е цел на напади од страна на опозицијата токму поради неговиот обратен пристап кон овој проблем. Во своето интервју, Груевски на алијансата јасно и стави до знаење дека ние сме човечки битија, со човечко достоинство и очекуваме така да бидеме третирани. Ова беше подтекстот, поентата на неговото интервју, нешто што секој од нас го кажал барем сто пати, во кулоарските и кафанските муабети. Дури и јас во некои интервјуа во медиумите, повеќе пати јавно сум изразувал згрозување од лицемерната политика на Европа и Нато кон нас, но мене никој не ме критикувал бидејки мислењето на некаков си интелектуалец, кој е непартиска личност и не е битно, но интервјуто на премиерот е воедно и став на државата.
Но што има лошо во тоа? Ништо, напротив! Гласачите очекуваат од премиерот да го артикулира она што гласачите го чувствуваат, она што гласачите го говорат низ чаршијата, а тоа е дека на сите им е смачено од лицемерието кое за жал е модус вивенди во денешната меѓународна политика.
Сепак, највиновни за овој третман на западот кон нас сме ние самите… токму поради прифакањето на лицемерието и сервилноста наследени по инерција од комунистичкиот период. Ние мора да се соочиме со фактот дека во оваа земја има политички структури на кои татковината не им е на прво место, туку социопатската амбиција да бидат на власт, па макар тоа значело и преименување на Република Македонија во, на пример Tomato land (по урнек на Swaziland) или Долина на Патлиџаните (по урнек на Ivory Coast.
Нормално, тука првенствено мислам на опозицијата и нивниот лидер Црвенковски. Со генетски наследената сервилност, по комунистичка линија, Црвенковски и екипата не можат да поимат дека некој може да се испокара со Нато. Ова негово размислување е сосем нормално за човек, кој својот живот и менталните капацитети ги посветил на еден тоталитарен режим кој неминовно генерира тоалитарен ментален контекст во кој кариерата и напредувањето го градите со ропска сервилност кон надредените се додека не се искачите на врвот, кога конечно ќе можете да правите што сакате по принципот – По Тито – Јас !
Но, демократиите функционираат поинаку, пред се поради уставно гарантираното право на поединците и нивните легитимни избрани представницин на слобода на говор и изразување. Ова подразбира и кавги и размена на остри тонови…Во демократиите ова е нормално.
Еднаш ли сме гледале тепачки во парламентите во демократските земји? Секако дека не, напротив сме се изнагледале и вербални кавги и размена на тупаници. Ова важи и за нациите, односно државите. Ако направиме краток преглед на внатрешните “Нато кавги”, ќе наидеме на бројни примери. Ќе видиме дека со Нато се карала Турција, па Турција  се карала со Израел (поради вооружениот конфликт), па потоа Америка со Франција поради одбивањето да прати трупи во Ирак, се испокараа до тој стапен што американците не сакаа дури ни да јадат помфрит. Во седумдесетите Грција и Турција војуваа, а обете беа членки на Нато, а Франција во еден период ја напушти алијансата поради длабокото советско разузнавачко пенетрирање и влијание. Во 2001 година Германија и забрани на Хрватска да учествува во војната во Ирак, а Буш помладиот тоа фино им го плесна на Хрватите на домашен терен, кога го поздрави нивниот прием во Нато на самитот во Букурешт, при тоа гласно потенцирајки дека во Ирак со Американците, рамо до рамо сепак се само македонците и албанците…и така натаму…
Имено, во слободниот свет проблемите се артикулираат, не се премолчуваат. Тоа не значи дека трајно сте се испокарале, дека ке ги повлечете војниците од Авганистан и сл. како што шпекулирава едни “експерти” кои Чом ги беше неодамна собрал да дебатираат на оваа тема на МТВ. Не драги мои. Како што се караат пратениците во парламентите, така во слободниот свет се караат мегусебно и државите. Груевски со својата реторика им покажа дека не сме веќе деца на кои некој поголем и постар може да им каже да застанат во ќошот по казна. Ние сме рамноправен партнер во оваа игра, мегутоа рамноправноста не ви ја гарантира никој и со ништо, ниту со членство ниту со закони, ниту со права …
Рамноправноста си ја гарантирате сами, со држењето до себе, до сопствениот дигнитет. Е тогаш веќе не ве гледаат како ретардирана нација, туку како партнер.
Но ајде, во перманентно отсуство на план како да се реши спорот со името кој е единствена пречка за Нато и ЕУ интеграцијата, да направиме една симулација како би изгледал приемот во Нато под диригентската палка на лидерот на опозицијата Црвенковски.
Еве вака:
Сцената се случува во паралелна реалност во која тие се на власт и нормално на затворена седница…
–        Другари, другарот Филе ни наложи дека есенцијално и од суштинско значење е ние да го смениме името Република Македонија со некое друго име кое ќе го задоволи другарот Папандреу ( во недостаток на нов грчки премиер во моментов на пишување на текстов го користам стариот познат лик – фуснота ), кој има објективни примедби. Сепак треба да се знае, треба да се умее, треба да се може овој проблем да се одработи и ние ова го одработивме….
Потоа зема огледало, се погледнува и вели….
–        Да го видам сега мажот што ке го промени името …
И нормално, го менува. Излегува на ТВ и ни објаснува дека тоа сами сме го сториле по наша слободна волја и дека на овој начин не сме примеле пет гола, туку само три. Демек ова било минимизирање на штетата.
Сепак во духот на комунистичката традиција – лаже ! Имено, на овој начин воопшто не би примиле голови…бидејки политиката не е фудбал, но би примиле “нешто друго”. Нормално, Црвенковски совршено не го интересира дека  тоа “нешто друго“ доволно е само еднаш да го примиме и тоа ќе биде за секогаш…
(авторот е академски сликар)

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *