Македонија

Кнежевство Македонија на Македонците

ЗАГОВОР ЗА КРЕВАЊЕ ВОСТАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА (ПИСМО НА АМБАСАДОРОТ ЏОРЏ ГОУШЕН ДО КОНЗУЛОТ ЏОН БЛАНТ: Доверливо)
(Писмо од Џорџ Гоушен, вонреден и ополномооштен амбасадор на Велика Британија во Цариград, до Џон Блант, британски генерален конзул во Солун, од 4 мај 1881 година во кое се вели:)
“За Ваша информација Ви препраќам препис од писмото што го примив од г. Калверт, во кое поднесува извештај за постоењето на заговор за кревање востание во Македонија…
Господине,
Завчера двајца странци навратија во овој конзулат… некојси поручник во данската армија. По име Адолф гече… служел во последната Турско-српска војна… Неговиот сопатник ја има титулата барон Јобст фон Гундлах, родум од Мерклонбург, а служел во грчката и германската армија…. Баронот Гундлах редовно бил вработен од истиот Македонски комитет како агент за ширење на нивните идеи во Источна Румелија и зпишувал доброволци за “скорешното востание во Македонија”.
Што се однесува до вистинитоста на долунаведените сознанија, мојот известувач се согласи да ми ги даде само доколоку му ветам дека тие ќе иж бидат доставени на самата британска Влада”. (Следи во прилог Изјавата на баронот Гундлах, н.б.)
ПРИВРЕМЕНАТА ВЛАДА Е ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА И ФОРМИРА ЊЕ ОДДЕЛНО КНЕЖЕВСТВО, СО ДЕВИЗА “МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ”
Во јуни минатата година една видна личност во Македонија и извесен број водачи на четите се сретнаа во малото гратче Острово и основаа тело што го нарекоа “Привремена влада на Маке-донија”. Ова тело сеуште постои, а неговата последна прокламација е исполнета со борбен дух во која се повикува народот да се подготви за брза акција.
Намерата на Привремената влада е не само да ја ослободи Македеонија од турско ропс-тво, туку и да ја спречи провинцијата да потпадне под доминација на Австро-Унгарија… Неј-зината цел не е соединувањето со Бугарија, туку формирање на одвоено кнежевство што ќе биде член на Балканска конфедерација. Нејзината девиза е “Македонија на Македонците”…
Претседател на оваа Влада е некојси Василиус Симон; но вистинскиот водач на движењето сега се наоѓа во Пловдив, а барон Гундлах е обврзан да го држи неговото име во тајност. Нејзини секретари се: Али-бег, муслиман, кој сега се наоѓа во затворот во Солун, и Ѓорѓевиќ, Бугарин.
….Привремената влада има комитети во сите поглавни градови во Македонија, како и во источна Румелија и Бугарија.
Меѓу членовите на Комитетот во Пловдив се: некојси М. Леонидас Булгарис, родум од Спарта, во Грција кој зеде учество во речиси сите востанија против турската власт, кренати против турската власт во последниве неколку години.
Најновата прокламација од Привремената влада која беше издадена пред две недели, беше пре-ведена на француски од баронот Гундлах (со) следната содржина:
“Нашата мила и славна земја која создаде толку големи луѓе како Александар, Аристотел и др., кои со своите фаланги направија целиот свет да стравува, мора сега да направи краен напор повторно да ја врати својата независност. Ние имаме двајца непријатели, едниот се наоѓа меѓу нас, а другиот е алчен и суров и се наоѓа пред нашите порти. Подгответе се Македонци, да го земете оружјето бидејќи дојде часот кога треба да се извади мечот за да се избрка големиот Турчин и да ги чуваме нашите граници од ограбувачот што ни се заканува… Водачите на ова движење изјавуваат дека востанието ќе избувне наскоро… Сигналот ќе биде даден од Пловдив. За почеток мостовите ќе бидат дигнати во воздух, како во Македонија така и во Пловдив, телеграфот насекаде ќе биде онеспособен… ќе биде напрабвен обид…да се крене во воздух едно од “најголемите складишта со барут” во Европска Турција…
Соработник на овие заговорници е еден службеник во турското Министерство за надворешни работи во Константинопол. Комитетот во Пловдив, исто така е  во врска со г. Кумундурос… Кумундурос ги советувал заговорниците да причекаат со своите дејства, бидејќи Грција се уште не е подготвена за акција…
…Австрија, која била расположена да го охрабри македонското движење, сега правела напори да се договори со Портата за преземање заеднички мерки за задушување на оваа буна.
Познато е дека руските конзуларни власти се против ова движење затоа што неговата вистинска цел не е да формираат “Голема Бугарија”. И Гундлах верува дека благодарение на влијанието што го имал рускиот генерален конзул во Пловдив врз полицијата, било следено секое движење на Булгарис и на другите емисари…
Џ.Ф.Калверт (потпис)”
Цариград, 4 мај 1881 год.,
Д-р Иван Алексов
ПРО ФО 294/11, ДАРМ, М-23, сн. 529-539;

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *