На еден таен состанок на Лозарите, одржан во хотелот Конкордија во Софија на 19 јуни 1889та, на кој присуствувале и: Коста Шахов, Димитар Македонски, Г.Георгиев, И.Шумков, Ножаров, браќа Иванови, Ќузлиев, Мандушев и други, било дискутирано околу преземањето на натамошни активности, па во таа смисла значаен простор бил отстапен за дискусија за Александар Македонски, кого тие го сметале за свој предок.
Подоцна Лозарите биле жестоко напаѓани од страна на бугарските весници, а посебно од публицистот Левов, кој ги обвинува за сепаратизам поради тоа што се нарекувале Македонци и тврделе дека Македонија била нивната татковина и дека таа е одделна словенска држава, чие минато е покриено со блесок, особено во времето на Филип и Александар Македонски…
Ако го спомнеме фактот дека блиски до Лозарите биле и Делчев, Груев, Матов, Хаџиниколов, ова сведоштво има особена тежина.
Претседателот на Крушевската Република Никола Карев, на директното и иронично прашање Дали е непосреден наследник на Александар Македонски, одговара со ДА.
– oд Сите Светители од Македонија, Ѓаконија 2006
