изборКоментари

Моштите на Чудотворецот – летен Свети Никола

Секоја година од 7-9 Мај, во Бари, Италија, се одржува голем народен религиозен фестивал во спомен на пристигнувањето на моштите на Свети Никола Чудотворец од Мир во Бари. Илјадници луѓе од цел свет доаѓаат за фестивалските денови кои што почнуваат утрото на 7 мај. Свештениците се качуваат на брод со икона од Светецот за да поминат еден ден со него на отворено море. Градскиот плоштад и другите делови од поморскиот Бари изгледаат како во бајка, преубаво украсени во чест на големиот ден.

Следното утро, на 8ми, луѓето се собираат пред храмот за литургијата посветена на Чудотворецот, додека огромна разнобојна статуа од базиликата се поставува пред олтарот за двочасовната миса. Откако завршува пеењето, статуата се праќа на долг ден по морето, за во попладневните часови да се врати, радосно очекувана од преполното пристаниште. Дванаесет мажи во костуми ја носат импресивната статуа на рамења, придружени од многумина кои што носат запалени факели, слики, украси и цвеќиња.

При движењето, наметката на статуата се лелее во воздухот, што остава  в печаток дека Свети Никола оди над луѓето. Парадата со слики од Чудотворецот од Мир, посветена на големиот ден се донесува пред портите на катедралата, на осветлениот плоштад. Поканетите екуменски гости, претежно Ортодоксни се присутни за време на целата тродневна прецесија. Како што АрхБишопот на Бари го Воспева пренесувањето на моштите, така поканетите гости од првите редови под водство на свештениците слегуваат alla tomba  di santo во подземната стара црква.

Таму, свештеник се протнува во криптата каде што е Гробот на Светецот. Од предната страна вади божествена мана, течност што секогаш ја има кај вакви реликвии. Светиот ликвид се носи горе во црквата за продолжување на церемонијата, а надвор прославувањето продолжува и во текот на целата ноќ.

Според нашиот православен календар, летен Свети Никола е на 22ри мај.
Никола Ристевски

 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *