Легенда за Овчеполското село Кнежје

Наспроти мошне активната миграција во правец на градот, кај селаните во Кнежје сеуште е сочувана традицијата за постоење на средновековна тврдина, која живее во легенди.

Advertisements

knezzje

Во првата легенда се кажува дека тврдината била закриена со дабова шума, така што турските освојувачи откако тешко ја нашле, долго време ја држеле опседната, бидејќи неможеле да најдат влез во неа. Откако забележале дека во рекичката пливаат домашни шатки, тие го сочекале нивното прибирање кон квечерината и следејќи ги го откриле влезот во тврдината и на тој начин ја зазеле.

Knezje BylaZora

Во втората легенда, Турците соочени со истиот проблем го решиле на сличен начин. Имено, во квечерината забележале дека една жена ги прибира шатките од рекичката, тие ја фатиле и по долго мачење ја принудиле да им го покаже местото од каде што се гледа Градот. Таа ги одвела на еден рид, нешто северозападно на оддалеченост околу 2км од тврдината и оттаму Турците со топовски ѓулиња го разурнале Градот. Според преданието жената се викала Дивна, па и ридот оттогаш до денес се вика Дивљак.

Никола Ристевски

  • според запис кој го пронајдов во библиотеката на МАНУ
Knezje4