избор

Косоплетата Касиопеја

 

Митската Етиопска кралица Касиопеја, на која сеуште не и се знае потеклото на името, се нарекува и Косоплета, Косоплетачка односно повисока еманација на црвенокосата-бакарнокосата Венера, млада божица родена од морска школка, која ја чешла својата коса (црвена, пламена) со чешел, како што ни говори и древната легенда за школката која се нарекува Венерин чешел.

Школката Венерин чешел, која го симболизира центарот на Галаксијата и обиколката на небесните тела околу него, т.е вечната обнова на животот

И во народните приказни во кои се појавува русалката (самовилата) го содржат истиот битов елемент. Па дури и Плејадите, кои имаат исто така сомнителна и нејасна грчка етимологија, всушност произлегуваат од словенското Плеи, огненокосите и расплетокоси самовили кои постојано ги чешлаат, плетат (плејат) своите коси, бидејки никогаш не ги врзуваат, туку ги распуштаат слободно. Тие се симнуваат на Земјата  на Бел Ден, значи некаде на почетокот на летото околу Ѓурѓовден, во деновите кога Плејадите исчезнуваат од ноќното небо, што значи дека тие го напуштаат светот на мртвите, и се симнуваат да живеат на земјата меѓу луѓето. Имено, околу Ѓурѓовден, и Орион исчезнува од ноќното небо, а тогаш на земјата се појавуваат огненокосите самовили, расплетените Плејади,а бидејки тој ги прогонува по ноќното небо, тогаш не може да ги види и да ги пронајде.  На ливадите и другите места тогаш растат диви треви, како диви густи коси, па аналогијата може да се види и во природата, бидејки се мора да биде слика на се. Спрема симболичната астротеолошка слика, џинот Орион ги прогонува, бидејки тие се убави, сакајки да ги обљуби, но тие постојано му бегаат, бидејки се диви, немирни, жестоки и превртливи.

Меѓутоа, околу светиот Иван, Иванден, за време на летниот солстициј Орион повторно се појавува на небото над земјата, кога излегува паралелно со излезот на Сонцето (Хелијакален Излез), и кога тие (Плеите) го забележуваат, бегаат од земјата назад на небото. Легендите кажуваат дека успеал една од нив да фати, и физички да ја обљуби, т.е да ја постави на централната оска (на Галаксијата). Во природата, тоа е за време на парењето, а кај човекот доба на венчањето и плетењето венци од Иванов цвет. Таа Плејада станала невеста, ја сплетела својата плетенка за својот драг љубен, и станала смртна, бидејки по љубовниот чин, веке не била дива и слободна, односно дивојка (девојка). А на истиот начин и самиот Орион се претворил од небесен џин (див) ловец во земски маченик, се само заради една препрека, потонува во материјалност суштество, кое казнето за своите гревови, со мака го турка својот камен низ планината. Тоа е приказната за казнетиот Сизиф и Меропа.
Од дива и нескротена Плејада, Меропа преку венчање со својот маж, барем привремено станува мајка и рафинирана жена која плете, ги плете (плеје) своите коси во плетенки. Тоа е Касиопеја или Косоплета, која ние (на Балканот) сме ја заборавиле, бидејки ако не беше така, немаше нашата сопствена космологија и исконска теологија да ја гледаме низ призмата на баптистичките приказни, и заради тоа не можеме да ја разбереме ни самите смислата на нештата.

Значи, Касиопеја е небесна дива, созреана Венера, морска самовила родена од школка, која ја плете својата бујна коса. На “Раѓањето на Венера”, уметничкото дело на славниот Ботичели, е прикажана црвенокосата Венера, со делумо расплетена коса, а делумно врзана во плетенка, а баш таа плетенка ја покрива нејзината вулва, со која што е симболизирана трансформацијата од Венера во Хестија, односно Плеја во Косоплеја. Од левата страна можеме да го забележиме нејзиното алхемиско венчање со лудиот, паднат ангел на војната, луциферијанскиот Марс (Марс – М’рc, мртвиот, каде што апострофот е непостоечко А како и во Македонскиот јазик), а од десната страна ја гледаме трансформирана во Веста, закопчана до грло во вешт (плашт), и со плетена коса. Се работи за симболична слика на Хеката, тројната божица, трипати родената, за која ке образложиме подоцна.

Сандро Ботичели “Раѓањето на Венера”

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *