Македонија

Концерт на САФ – 15 години САФИЗАМ

Хип Хоп Дами и Господа!


Иако одамна музички пензионирани (првите Рап пензионери во МКД), Ве покануваме на прослава на 15 годишнината од издавањето на албумот Сафизам!



По тој повод со нашите гости во МКЦ ќе се почестиме со една меѓусебна концертна дружба само за вистинските фанови на добрата Хипхоп музика од сите генерации.

Овој семинар на Хипхопот има за цел да одбелжи еден клучен момент во Македонската музичка сцена а тоа е издавањето на Сафизам. Културолошки, Музички, Метафизички албумот ја претсавуваше Македонската Хипхоп сцена на достојно ниво доследно приготвувајќи го патот за генерацииите кои доаѓаат. Сафизам е официјално Првиот винил на поствоен Балкан и водено еден од највлијатлните и најквалитетните музички остварувања на овие простори кои инспирирале нови генерациии да се посветат на урбаната уметност и да креираат. Во 2000 година на 25 април во клубот Сачмо се случи промоцијата на Сафизам, сега 15 години подоцна во МКЦ ќе се собереме во полн состав да ја презентираме формулата за правење вистински Хипхоп: 1,2,3, Смилен, Гоце, Пикисипи!

24. април // МКЦ
Билети по цена од 250 денари во претпродажба, САМО на билетара на МКЦ, 300 денари на денот на концертот (ако има).
FB event

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *