Превземено

Канда – дух над материја

Како е возможно да сме уверени во сосема погрешна интерпретација за сопствениот идентитет, и дали е тоа можеби идеално средство за потчинување на тој (идентитет) ентитет?
Во светата наука постои правилото: “Духот над материјата”, што буквално значи дека нам ни е потребен клуч за толкување на духовноста која ја обликувала. Дури потоа можеме да ги отклучиме портите на перцепција, значи по “иницијацијата”, ќе ни се открие намената на постоенјето, онаква каква што е вистински. Трагачот по вистината мора да се потпре на духовното толкување, ако сака да спознае што содржи во себе древното знаење.

Без тој клуч немаме премин низ портите на перцепцијата. Зборот slav, изворно значи “клуч”. Во нашите Балкански јазици, има останато само делумни траги од тој збор, на кој коренот му произлегува од латинскиот израз clavus – клуч, односно Sclavus – Slaven. И како што самите зборови ни говорат, словенскиот клуч е клучот кој ни недостига.  Од тие причини и глаголувањето како јазик и основа на духовноста, на овие простори е толку немилосрдно прогонувано, но и забранувано.
При секое разгледување на намената на архаичните градби (сакрални споменици) треба да се појде од астротеологијата, која е единствена вистинска исконска теологија и метафизика. Затоа треба да се навлезе во умот на самиот метафизичар – градител на оваа космичка градба кој се стремел кон заедништво со Бог, бидејки се работи за приврзаник од највисок ред, кој во метафизичка смисла, уште додека постоел, достигнал истобитност со Бог (Таткото). Правилото на истобитност (едносуштественост) на небесно-земската аналогија е заедничка на сите религии, а постои и до денес како основна догма во Христијанството. Проблемот со толкувањето на архаичните градби произлегува од фактот, што современиот човек е втонат во материјализмот, т.е не го познава контекстот во кој се настанати ваквите грандиозни дела, и не ги разбира духовните подвизи кои ги обликувале истите.  Всушност, тој не ги познава ни основните поими на Светата Наука (Scientia Sacra). Науката која себеси се лишила од светоста, и со самото тоа навлегла во  материјализам, не го созерцува  духот, и според тоа на духовното подрачје на кое припаѓа и нашата Македонија нема никаков научен кредибилитет.
Аналогиите се бесконечни исто каква што е и природата на самата космологија. Кога еднаш ќе се постави точното начело, тоа може да се применува бесконечно, каква што е и Вселената – бесконечна. Понатаму, вселената не е неразбирлива како начело, туку само нејзините еманации се бесконечни и збунувачки за невештото око. Слободно можеме да го интерпретираме Бог, кој се сокрива во природата, како што опасниот примитивен лудак се сокрива позади современите чуда на технологијата. Бог не оди подалеку од хоризонтот на човековото поимање, туку неговите еманации, и затоа единствениот пат на соединување со Бог е спознавањето на принципот, а тој се еманира само навнатре, а не кон нанадвор.
Во Овче Поле, Македонија, постои место кое што се нарекува Канда. Канда на турски значи крв, а на латински – сјаење на месечевата светлина.
На санскрит, канда значи конечно – а а’канда бесконечно. Секој почеток е после некој крај, и обратно. Зошто е тоа така – не знаеме.
Исто е и со бескрајното. Ние не можеме да знаеме што е тоа, но го познаваме принципот: тоа е нешто бескрајно, сеопфатно, непоимливо и уредено по истиот заеднички принцип. Тоа е нешто што е одредено, иако границите му се неодредени . Тоа е значи нешто што трепери како слаба свеќа, час го гледаш, час не го гледаш, канда го знаеш, канда не го знаеш, но сепак дефинитивно е канда.
Канда исто така на стариот Пеонски јазик означува и Главна Порта. Кандaон е главниот Пеонски бог кој го симболизирал Орион.  Значи Орион е аватар на богот Кандaон.
Но, најважната симболика на зборот Канда се состои во тоа што тој означува и светлина каква што е и светлината од кандилото, односно свеќата, односно светата ламба. Значи, името Канда симболично го одредува местото на вечното светло кое се симнало од небото и го поделило на мрак и светлина (земја-небеса). Тоа е куќата на светлината за која говори Јаков во книгата на Битието, тоа е местото на светлината, симболичната куќа на божественото светло, Бет-ел, кое гори вечно, т.е светата ламба. Тоа вечно светло логично го поврзуваме со Касиопеја која е чувар на вечното светло, вечното огниште. Од тие причини на нашата земја го имаме нејзиниот знак. Но исто така и зборот пехар е симбол на сад во кој се влива светло, какво што е течното светло – масло кое се влива во Светиот Грал, кој понатаму засветува како ламба. На небото, над Канда, точно на астролошкиот премин од рак во лав, во раната зора, во часот на изгревање на Сонцето на дневното небо кое го симболизира светот на живите, се воздигнува небесниот џин Орион – Кандаон, светлиот небесен гигант. Тоа значи дека се родил Кралот, се илуминизирале расплетените коси на самовилите, дошла проѕирна светлина, Кралот Сонце, кој дошол од светот на мртвите, од подземјето се воздигнал на небото.
Интерпретиравме херметички напишана порака за човештвото кое самото е содржано во истата. Симболичниот и метафизичкиот начин на кој ви презентираме сознанија ја одржува (ч)истата суштина која е непрепознатлива за материјалистичкиот начин на размислување и линеарното поимање на односот човек-природа, односно Вселена. Древните херои не ни размислувале материјалистички, и за да можеме ние воопшто да ги одгатнеме пораките кои ни ги оставиле нашите дамнешни и славни предци, треба да се обидеме да го разбереме начинот на кој тие ги формирале своите увиди во природната реалност. Олицетворувањето на природата во сèприсутната и сèопштата,  целокупна суштина и апсолвирањето на истото не може да се спознае преку материјализмот, кој претставува опасно духовно застранување.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *